Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Раде, радост си! - Новинарката Анастасија и Бетмен Велит ја објавија првата фотка од синчето

Анастасија и Богдан Илиевски - Бетмен Велит се родители на ќеркичката Дениција, која наскоро треба да наполни две години, а сега го добија и синот Раде. „Ништо не може да те подготви за првата недела дома со новороденче и тодлер, но и за мигот кога ќе ги видиш како двете мирно спијат...“, напиша Анастасија во описот од новата фотка од синчето.

rade-radost-si-novinarkata-anastasija-i-betmen-velit-ja-objavija-prvata-fotka-od-sincheto-01.jpg

Новинарката Анастасија Богдановска со сопругот Богдан Илиевски - Бетмен Велит на 27-ми април го доби синчето Раде.

„Утрото кога се роди синко: едно од најубавите изгрејсонца кои сум ги видела. Добредојде Раде, радост си. И веќе го правиш светот поубав“, напиша Анастасија по породувањето.

 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 

A post shared by Anastasija Dea (@anastasiia_dea)

Сега, таа објави и фотографија од Раде во шпилхозни на кои со симболи пишува „Мама плус тато е еднакво на мене“.

Анастасија во описот на фотографијата искрено вели:

„Ништо не може да те подготви за првата недела дома со новороденче и тодлер. Исто така ништо не може да те подготви за моментот кога ќе ги видиш двете деца како мирно спијат, едното на твоја лева, а другото на твојата десна страна.“

Анастасија и Бетмен Велит се родители на ќеркичката Дениција, која во јули годинава ќе наполни две години.

Дениција беше присутна на венчавката на своите родители, која се случи во Охрид летото 2021-ва и на која таа го славеше својот прв роденден.

Повеќе семејни фотографии на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Синчето на Антониа Гиговска го прослави првиот роденден: „Не знам што би правеле да не си ти“ Антониа Гиговска првпат објави фотки на кои се гледа лицето на синчето Киан, по ...
Се породи Зои Блаж: „Фала ти ќерко што нè одбра да бидеме твои родители“ „Здраво свету, јас сум Мариа Матијашич...“, напиша Зои Блаж и објави фотка од св...
Елена од Струмица ја донираше косата за лица кои ја изгубиле својата: „Ја чував 2 години, сакам да и... „Косата ја донирав кај Сашка, која, како што дознав преку статија на CRNOBELO.co...
Сара Мејс и синчето Кирил лежат во болница во Козле – „Мајка мора сè да направи за да го задржи дете... „Кирил е конечно малку подобар, ќе одморам и јас троа“ – напиша Сара Мејс, откак...
Едина Муса кума на свадба - блеска во кратко фустанче покрај сопругот и синот „Првата свадба заедно“ - напиша Едина на Инстаграм Стори, на фотката со синот, к...
Горди татковци: Марко Новески и Бомбакис на плажа со бебињата во Охрид „Богатство и љубов во една слика“, напиша Бомбакис на фотката направена на плажа...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg