Се породи Зои Блаж: „Фала ти ќерко што нè одбра да бидеме твои родители“
- Детали
- понеделник, 12 мај 2025
„Здраво свету, јас сум Мариа Матијашич...“, напиша Зои Блаж и објави фотка од својата малечка, за која уреди соба во крем-розови тонови во германското гратче Зул, каде живее со сопругот ракометар.
Инфлуенсерката Зои Блаж, односно Зорица Матијашич од Скопје, доби ќерка со словенечкиот ракометар Тадеј.
Парот живее во Германија, а Зои откри дека нејзината малечка е дома и дека со сопругот ѝ го дале името Мариа.
Зои и Тадеј живеат во малото планинско гратче кое се вика Зул, со население од околу 36.000 жители.
Зои со фотографијата од ќеркичката напиша:
„Здраво свету, јас сум Мариа Матијашич.
Фала ти ќерко што нè одбра да бидеме твои родители.
Мама, тато и Хајди (миленикот) ќе те чуваат и сакаат најмногу на свет“.
Погледнете ја детската соба што ја подготви за ќерката (кликнете на видеата):
Уште неколку фотки од нив:
Прочитајте и Зои Блаж за бременоста во Германија: „Срцева реакција слушате дури во 20-тата недела - што е поинаку од Македонија?“
С. С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





