Англичанка се врати во Охрид по 31 година и го бара својот пријател Македонец: „Го знае ли некој дечкото од фотографијата?“

„Во Охрид сум после 31 година и е уште поубав отколку што го паметам. Дали некој го знае мојот пријател во маицата со риги? Фотката е од'91-ва“ - стои во Фејсбук објавата на Англичанка која е во потрага по нејзиниот пријател Македонец. Да ѝ помогнеме да го најде! 

anglichanka-dojdena-vo-ohrid-po-31-godina-go-bara-svojot-prijatel-makedonec-go-znae-li-nekoj-dechkoto-od-fotografijata-01.jpg

Некои луѓе и пријателства не се забораваат дури ниту по 31 година помината без никаков контакт.

Доказ за тоа е оваа жена од Англија, која по 31 година дошла повторно во Охрид и од луѓето на социјалните мрежи бара помош во потрагата по нејзин стар пријател.

Во Фејсбук групата Expats and Foreigners in Macedonia (Skopje, Ohrid and other cities), жена по име Faye Phillips, сподели стара фотка од двајца момци и напиша:

„Во посета на Охрид повторно после 31 година! Сега сум тука и е уште поубав отколку што го паметев.

Ве молам, дали некој го препознава мојот пријател во маицата со пруги? Оваа фотографија е направена во 1991.“

anglichanka-dojdena-vo-ohrid-po-31-godina-go-bara-svojot-prijatel-makedonec-go-znae-li-nekoj-dechkoto-od-fotografijata-02.jpgфото извор

Засега нема други информации за нејзиниот пријател, а во коментари луѓето ја советуваат да ја сподели фотографијата во повеќе Фејсбук групи.

Споделете и вие и да помогнеме таа да успее да си го пронајде својот пријател!

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Маријан Салзман ги открива трендовите за 2022 година Една од најуспешните жени во светот на маркетингот, Маријан Салзман претста...
„Кога гледам колку сум сакана, многу ми се живее“ - Александра Шијакоска ја објави првата фотографиј... „Доколку ја носам косата на едната страна не се познава каде немам коса. Значи о...
Искрен приказ на мајка од Охрид: Мојата дневна соба за на Инстаграм vs. во реалноста кога имате мало... „Дневната соба која до пред 2 години често ја гледавте (во совршено издание) на ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg