F1 искуство во Скопје!

konecno-f1-trka-vo-skopje-povekjeНа 11 септември во 12 часот пред спортскиот центар Борис Трајковски во Скопје стартува фантастичната  Ф1 трка! Неуморното трагање по возбуда и ...


...покачен адреналин е вечен предизвик за сите ентузијасти.

ДХЛ Македонија како компанија со долга традиција и лидер во експресниот транспорт, за сите љубители на авантурата, дружењето и добрата забава ќе овозможи пријатни изненадувања.

Имено сите оние кои го обожуваат Ф1 циркусот, на 11 септември во 12 часот пред спортскиот центар Борис Трајковски ќе имаат уникатна можност во живо, на голем екран, да ја следат Ф1 трката во Монца, да навиваат за својот тим, коментираат и да доживеат несекојдневно искуство. 

Оние пак, кои ќе сакаат да ги покажат своите возачки способности, тоа ќе можат бесплатно да го направат на картинг патеката која се наоѓа до салата Борис Трајковски. Картинг возачите ќе бидат набљудувани од младинскиот шампион во картинг во југоисточна Европа Рико, кој истовремено ќе дава и совети и инструкции за одделни техники на возење.

konecno-f1-trka-vo-skopje

Би можело да ве интересира:

Градскиот парк во Скопје е како сцена од најубавата есенска бајка (фото) Градскиот парк во Скопје овој ноември е вистинска есенска бајка. Со огледалните ...
Ќерката на Тамара Тодевска прослави 8-ми роденден – со плетенки, менѓуши и балон, позира со најблиск... „Среќен роденден љубов. Хана, нашата принцеза“, стои на една од фотографиите, на...
Почина актерката Катина Иванова, доајен на македонското театарско глумиште Актерката Катина Иванова почина на 72-годишна возраст. Веста за нејзината смрт д...
Славчо Попоски, метеоролог: „Нè очекува влажно и нестабилно лето, со многу непогоди, поплави и штети... „Феноменот 'Ел Нињо' ќе донесе многу влажно и нестабилно време, со многу временс...
Таско со емотивна исповед: „Се обвинував себеси што го изгубивме првото бебе, пред да се роди Лукија... „Наташа имаше спонтан абортус во моментот кога со пријателите славевме дека ќе с...
Климентина Војдановска од Велес се стекна со 2 светски карате лиценци Климентина Војдановска од Велес се стекна со две светски лиценци во карате, а ко...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg