Почина актерката Катина Иванова, доајен на македонското театарско глумиште

Актерката Катина Иванова почина на 72-годишна возраст. Веста за нејзината смрт денеска (10 август) ја споделија од Македонскиот народен театар, каде таа работеше повеќе од 40 години.

pochina-akterkata-katina-ivanova-doajen-na-makedonskoto-teatarsko-glumishte-01.jpg

Од Катина, која е родена 1951 година, се простуваат и многу колеги актери и театарски работници, но и пријатели, кои со години ја гледаа на сцената на театарот.

„Со огромно жалење ја споделуваме веста за заминувањето на големата Катина Иванова. Замина нашата колешка Катина Иванова, актерка која повеќе од четири децении беше дел од Македонскиот народен театар.

Беше мајстор на сценска интерпретација, со истакнат сценски говор, и посебно специфичен и топол сензибилитет. Катина Иванова беше насмеана и префинета личност, постојан следач на претставите, поддржувач на актерите, извонреден пријател и човек.

pochina-akterkata-katina-ivanova-doajen-na-makedonskoto-teatarsko-glumishte-03.jpg

Дипломира на отсекот за драмски актери на Вишата музичка школа при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во 1978 година. На сцената на МНТ дебитира уште како студентка во претставите „Соблазна во Шентфлоријанската долина“ и „Славата и смртта на Хоакин Муриета“ (двете во 1976).

По дипломирањето, односно од 1979 г., член е на ансамблот на МНТ, каде остварува бројни доминантни улоги во над 45 претстави меѓу кои: Канигунда во „Кандид“ (1980), Дена во „Кршалнига“ (1983), Амелија во „Погрижи се за Амелија“ (1984), Сузана во „Слободни врски“ (1984), Маријана во „Тартиф“ (1986), Мајката на младоженецот во „Малограѓанска свадба“ (1986), Соња во „Црна дупка“ (1988), Арсиное во „Мизантроп“ (1989), Тамарочка во „Валпургиска ноќ или Чекорите на командорот“ (1990), Клер во „Слугинки“ (1993), Ирина во „Лепа Ангелина“ (1995), Гатачката во „Едмонд“ (1997), Катерина Када во „Немушт јазик“ (2000), Македонка во „Балканот не е мртов“ (2001), Госпоѓа Робинсон во „Дипломец“ (2004), Пациент во „Мара/Сад“ (2008), Сопругата во монодрамата „Сребрена свадба“ (2010), Варвара Петровна Ставрогина во „Бесови“ (2011), Ноќта во „Сината птица“ (2014), Прасковја Фјодоровна во „Мајсторот и Маргарита“ (2015), како и последните улоги во „Разговори во четири очи“ (2015), Сесили Робсон во „Квартет“ (2016) и Госпоѓа Пернел во „Тартиф“ (2016).

pochina-akterkata-katina-ivanova-doajen-na-makedonskoto-teatarsko-glumishte-04.jpg

Со подеднаква професионална љубопитност и страст настапува и на сцената на други театри низ Македонија, како и во проекти на независни театарски трупи. Снимила десетина филмови и ТВ серии докажувајќи се како актерка со исклучителен креативен потенцијал меѓу кои се: „Оловна бригада“ (1980), „Хај-фај“ (1987), „Светло сиво“ (1993), „Ангели на отпад“ (1995), „Џипси меџик“ (1997), „Одмазда“ (2001), „Држава на мртвите“ (2002), „Наше маало“ (1999-2004) и „Бунило“ (2009). За своите актерски остварувања, добитник е на Награда за најдобро театарско остварување на Фестивалот „Tеатарски празници“ (Благоевград, Бугарија) за улогата на Мег во претставата „Роденден“ и Наградата на ревијата „Екран“ за улогата на Ревзија во филмот „Џипси меџик“ (1997).

За времето и датумот на погребот дополнително ќе биде објавено. Вечна и слава“, стои во во соопштението од МРТ.

pochina-akterkata-katina-ivanova-doajen-na-makedonskoto-teatarsko-glumishte-02.jpg

Би можело да ве интересира:

Почина Зоки Панкер, урбана легенда и газда на „Балет“ Почина Зоки Панкер – газдата на „Балет“, урбана легенда и култен градски лик. Ли...
Почина мајката на Дарко Илиевски, 3 месеци по смртта на татко му: „Кажете им на родителите дека ги с... „Денес си замина и мајка ми… Болката е преголема, тишината боли! Ми замина најго...
Почина оперската дива Милка Ефтимова (89), амбасадор на македонската уметност и култура во светот Маестралната Милка Ефтимова, која почина на 89 години, отпеа четириесет оперски ...
Сестрата на Спире кој почина во Кочани, пушти 27 балони кон небото за неговиот роденден: „Те сакам б... „Среќен небесен роденден брат. Оваа година можам да ти подарам само 27 балони“, ...
Јелена Јованова прослави 10 години во брак, Лара Иванова го покажа дечкото: Што прават нашите ѕвезди... Бока Конга сподели неколку фотки од плажа и го покажа мускулестото тело, а фотог...
Денес се празнува Св. Антониј, светецот кој штити од лудило и ѓаволот Денес, 30 јануари во православието се слави Св. Антониј Велики, светецот за кој ...

Најчитани неделава