Почина мајката на Дарко Илиевски, 3 месеци по смртта на татко му: „Кажете им на родителите дека ги сакате додека имате можност за тоа“

„Денес си замина и мајка ми… Болката е преголема, тишината боли! Ми замина најголемата љубов. Мамо те сакам најмногу! Чувајте се со тато“ - Дарко Илиевски се прости од мајка си, која почина само неколку месеци по смртта на татко му.

pochina-majkata-na-darko-ilievski-3-meseci-po-smrtta-na-tatko-mu-kazhete-im-na-roditelite-deka-gi-sakate-dodeka-imate-mozhnost-za-toa-01.jpg

Пејачот Дарко Илиевски, кој се прослави со настапот на „Идол“, вчера ја загуби својата сакана мајка, само три и пол месеци откако почина татко му.

Дарко сподели црнобела фотографија на Инстаграм и порака полна со емоции за да се прости од неа.

„Драги пријатели. Со голема болка ве известувам дека денес си замина и мајка ми… Болката е преголема, тишината боли! Ми замина најголемата љубов. Мамо те сакам најмногу! Чувајте се со тато.

Доколку сè уште ги имате своите родители, застанете една минута, јавете им се и кажете им дека ги сакате… Еден ден ќе немате можност да го направите тоа!!!!“, напиша Дарко.

Болката на пејачот, кој веќе неколку години живее во САД, е уште поголема, бидејќи на средината на август годинава почина неговиот татко.

Тоа се случи набрзо откако Дарко дојде во Македонија, а потоа во интервју кажа дека татко му како да чекал да го види последен пат пред да почине.

„Почивај во мир, татко мој. Ти беше мојот најголем пример за сила, чесност и борба.

Секогаш ќе ја паметам твојата добрина и твојата жртва за нас. Засекогаш ќе ми недостасуваш“, напиша тогаш Дарко.

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Дарко Влогс: „Првата сопруга ме тепаше, изневеруваше, се дрогираше и мене животот ми беше уништен“ Се запознале на брод, каде што Дарко работел, а таа била гостинка, потоа се допи...
Почина Зоки Панкер, урбана легенда и газда на „Балет“ Почина Зоки Панкер – газдата на „Балет“, урбана легенда и култен градски лик. Ли...
Јоце Панов за тешкото детство: „Татко ми почина на 49 години, уште памтам како стоев надвор и чекав ... „Моите родители ме чекале 11 години. Мајка ми останувала бремена, но се случувал...
Мајката на Ивона која загина во Кочани објави снимки од неа од настапот на ДНК: „Ги гледам последнит... „Последните видеа… последните мигови кога моето дете и другите ангелчиња уште ја...
Васка Леонтиќ: „Моето дете е од донор – плачеше затоа што немаше кој да ја носи на 'ушка' како други... „Koга матичарот ме праша за презимето зетот само рече 'Јас ќе го земам нејзиното...
„Отиде на забава, те вратија во ковчег – сега ти палиме свеќи“ – Емотивно писмо од мајката на Ивона ... „Денес, ќерко моја… повторно ќе дојдеме кај тебе. Денес правиме помен – една год...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg