Почина оперската дива Милка Ефтимова (89), амбасадор на македонската уметност и култура во светот

Маестралната Милка Ефтимова, која почина на 89 години, отпеа четириесет оперски улоги, како и многубројни партии во ораторијални дела и соло изведби, застанувајќи повеќе од 1.200 пати на оперската и концертната сцена, во дваесетина земји низ светот.

pochina-operskata-diva-milka-eftimova-ambasador-na-makedonskata-umetnost-i-kultura-vo-svetot-01.jpg

Почина оперската дива Милка Ефтимова на 89 години. Родена е на 26 февруари 1936 година во Радовиш.

Веста за смртта на нашата оперска примадона, ја соопштија од Македонската Опера и Балет, и се простија со дамата која остави неизбришлива трага во македонската култура.

„Почина Милка Ефтимова, доајен на Македонската опера и амбасадор на македонската уметност и култура во светот.

Во својата долготрајна, богата и плодна кариера, таа отпеа четириесет оперски улоги, како и многубројни партии во ораторијални дела и соло изведби, застанувајќи повеќе од 1.200 пати на оперската и концертната сцена, во дваесетина земји низ светот.

pochina-operskata-diva-milka-eftimova-ambasador-na-makedonskata-umetnost-i-kultura-vo-svetot-02_copy.jpg

Со извонредна музикалност и изразито чувство за артизам, таа ги креираше Орфеј во ,,Орфеј и Евридика", Ацучена во ,,Трубадур", Еболи во ,,Дон Карлос", Сузуки во ,,Мадам Батерфлај", Марфа во ,,Хованшчина", Улрика во ,,Бал под маски" и многу други, а најголем печат остави во насловната улога на ,,Кармен".

Од оперската сцена јубилејно се прости токму со Кармен на 6 ноември 1991 година.

Милка Ефтимова беше редовен професор на Факултетот за музичка уметност во Скопје, наставник на Музичко-балетскиот училиштен центар во Скопје и Средното музичко училиште во Штип.

pochina-operskata-diva-milka-eftimova-ambasador-na-makedonskata-umetnost-i-kultura-vo-svetot-03.jpg

Во нејзината богата оперска кариера одликувана е со наградите: „11 Октомври“ (1985), „Св.Климент Охридски“ (2001), „Мајка Тереза“ (2009), како и Орден за заслуги на Република Северна Македонија (2022).

Нејзиното тело ќе биде изложено в сабота, на 16 август, во 10 часот во капелата во Радовиш, а погребот ќе се изврши во 11 часот на гробиштата во Радовиш.

Длабоко сочувство до семејството“ - пишува во објавата.

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Почина Зоки Панкер, урбана легенда и газда на „Балет“ Почина Зоки Панкер – газдата на „Балет“, урбана легенда и култен градски лик. Ли...
Почина мајката на Дарко Илиевски, 3 месеци по смртта на татко му: „Кажете им на родителите дека ги с... „Денес си замина и мајка ми… Болката е преголема, тишината боли! Ми замина најго...
Од инфаркт во сон почина Кили (58), сопругата за CRNOBELO вели: „Само убави работи памтам со него“ „Само убави работи памтам со него. Почина во сон од инфаркт“, вели за CRNOBELO.c...
Денес се слави Св. Архангел Михаил – Ангелот кој одлучува кој ќе биде спасен, а кому му чукнал судни... Православните христијани на 21-ви ноември го празнуваат празникот Свети Архангел...
„Бев на концертот на Петар Грашо и Дорис Драговиќ во Скопје - Зошто Дорис (64) е вистинска дива и пр... „Братучетка ми, во своите рани 20-ти знаеше само една песна од ТикТок, сестра ми...
Нашиот тату артист Горан Миќиќ направи тетоважи уметност во САД „Ова не е само патување низ Америка. Ова е патување низ уметноста, идентитетот и...

Најчитани неделава