Од инфаркт во сон почина Кили (58), сопругата за CRNOBELO вели: „Само убави работи памтам со него“

„Само убави работи памтам со него, почина во сон од инфаркт“, вели за CRNOBELO.com сопругата на легендарниот актер Кирил Поп Христов-Кили, кореографката Гордана Деан Поп Христова. 

od-infarkt-vo-son-pochina-kili-58-soprugata-za-crnobelo-veli-samo-ubavi-raboti-pamtam-so-nego-01.jpg

Од инфаркт во сон вчера во Еквадор почина нашиот легендарен актер Кирил Поп Христов - Кили.

Актерот почина на 58 години.

Неговата сопруга кореографката Гордана Деан Поп Христова за CRNOBELO.com вели:

„Само убави работи памтам со него. Почина во сон од инфаркт“.

Кили живееше во Еквадор од 2014 година со сопругата и ќерката.

od-infarkt-vo-son-pochina-kili-58-soprugata-za-crnobelo-veli-samo-ubavi-raboti-pamtam-so-nego-02.jpg

Иако често доаѓаше во Скопје, последната година не се вратил во земјава.

Кирил Поп Христов се прослави со улогите во филмовите „Панкот не е мртов“, „Бал-кан-кан“, „Тетовирање“, а глумеше и во претставите „Ослободување на Скопје“, „Ревизор“, „Народен пратеник“...

od-infarkt-vo-son-pochina-kili-58-soprugata-za-crnobelo-veli-samo-ubavi-raboti-pamtam-so-nego-03.jpg

Роден е на 30 јули 1967 во Скопје.

Дипломирал на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, на Факултетот за драмски уметности, на отсекот за актерска игра во класата на професорот Љубиша Георгиевски, во 1989 година.

Од 1993  до 2014  работеше во Македонскиот народен театар, по што се пресели во Еквадор.

od-infarkt-vo-son-pochina-kili-58-soprugata-za-crnobelo-veli-samo-ubavi-raboti-pamtam-so-nego-013_copy.jpg

Сопругата на Кили во една пригода за CRNOBELO зборуваше за нивниот живот на Еквадор - Гордана Деан Поп Христова за животот во Еквадор: „Еквадорците крај брегот уживаат во лулашки и ќе ви го поправат интернетот по 5 дена“

А. Ј. / С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ева Нединковска со фотки од свршувачката: „Пред него, мислев дека е сила да успеваме јас и ќерката с... „11.4.2026, сабота пред Велигден. Наш ден, веридба. Ден за ветување, посветување...
Маја Кикириткова заглави на аеродром во Истанбул, Ева Нединковска се бакнува со дечкото: Што прават ... Кики Мукаетова прошета низ Рим со кул палто со натпис на грбот, Ирина Камилоска ...
Почина Зоки Панкер, урбана легенда и газда на „Балет“ Почина Зоки Панкер – газдата на „Балет“, урбана легенда и култен градски лик. Ли...
Кирил Ангелов, жртва на педофил од Велес, ќе пешачи 111km за кревање на свеста за сексуалното злоста... „Организирам пешачење за подигнување на свеста за сексуално злоставување на деца...
Дарио Ивановски: „На 18 години победив на трка во Кичево и освоив бик - го продадов за да си купам а... „Ме седнува менаџерот и вели: 'Во Кичево имаат традиција старите селани, се...
Берберот Ерко за борбата на ќеркичката со леукемија: „Беше страшно да се гледа низ што минува во бол... Познатиот бербер од Скопје Ерко раскажува за најтешката битка, а зборовите нема ...

Најчитани неделава