Лила Филиповска го прослави 51-иот роденден: „Оставам зад себе една тешка година – научив дека секој ден е борба“

„Оставам зад себе една тешка, претешка година која ме научи да го славам секој ден како да е роденден“ – напиша меѓу другото водителката Лила Филиповска до фотографиите од прославата на нејзиниот 51-ви роденден.

lila-filipovska-go-proslavi-51-iot-rodenden-ostavam-zad-sebe-edna-teshka-godina-nauchiv-deka-sekoj-den-e-borba-01.jpg

Во бел фустан и со емотивна порака до своите следбеници водителката Лила Филиповска го прослави 51-иот роденден.

lila-filipovska-go-proslavi-51-iot-rodenden-ostavam-zad-sebe-edna-teshka-godina-nauchiv-deka-sekoj-den-e-borba-03.jpg

Како и секоја година, така и оваа водителката направи забава на која присуствуваа најблиските, а рече дека изминатата година била мошне тешка за неа.

„Вечерва облеков фустан во бела боја…Вечерва го славам животот, љубовта и мојот роденден.

Оставам зад себе една тешка, претешка година која ме научи да го славам секој ден како да е роденден, да го почитувам секој момент и да бирам пријатели кои за мене би го направиле она што и јас за нив! Научив дека секој ден е борба и дека со добра мисла секој проблем е решлив.

Овој ден е мој ден… овој ден е мојот роденден“ – напиша Лила на Инстаграм.

Синоќа (15.10.) по повод роденденот на водителката на квизот „Сè или нешто“, нејзините најблиски се собраа во познат скопски локал, а на забавата секако имаше добра музика и торта.

lila-filipovska-go-proslavi-51-iot-rodenden-ostavam-zad-sebe-edna-teshka-godina-nauchiv-deka-sekoj-den-e-borba-05.jpg

Како што може да се види и од видеата објавени во Инстаграм Стори Лила во еден момент го зема микрофонот, па и запеа со присутните.

lila-filipovska-go-proslavi-51-iot-rodenden-ostavam-zad-sebe-edna-teshka-godina-nauchiv-deka-sekoj-den-e-borba-04.jpg

Погледнете повеќе фотографии на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Девојче (6) од Скопје прослави роденден со 6-метарска реплика на куќата на Снежана и 7-те џуџиња (фо... „Одлуката за идејата и темата за роденденот, како и тортата е на Зои. Испадна во...
Ева Нединковска со фотки од свршувачката: „Пред него, мислев дека е сила да успеваме јас и ќерката с... „11.4.2026, сабота пред Велигден. Наш ден, веридба. Ден за ветување, посветување...
Лила и Биг Мама го истражуваат Бразил - Непријатна случка во Сао Паоло, се будат со поглед на Копака... Во Сао Паоло Лила доживеа и мала непријатност - додека преминуваше улица, Биг Ма...
Зои Блаж емотивно го слави 1-иот роденден на ќерката, откако пред 7 години ѝ кажаа дека нема да стан... „Ти благодарам што ме избра мене да бидам твоја мајка. Со тебе научив дека најуб...
Лила ги покажа внуките кои се вистински убавици: „До генот е“ „Немам ќерка ама затоа имам внуки. Сандра и Галена убавици и паметници“, напиша ...
Трогателна исповед на маж (39) од Велес, кој бил жртва на педофил, но и жртва на семејно насилство о... „Ти се свиѓаше силувањето а? Уште сакаш а?“ рекоа троловите зад скриените профил...

Најчитани неделава