Морничави урбани легенди од Велес: Духот на девојката која го чека својот сакан, „опседната“ куќа

Под железниот мост

За оваа случка има само една приказна, само една легенда, и таа останала таква уште од самиот почеток.

Се раскажува за макотрпниот процес на изградба на железниот мост во Велес. Имено, мостот првично бил изграден во 1922 од страна на Руси белогардејци. Потоа, срушен е на 8 ноември 1944 година, ден пред ослободувањето на Велес, заедно со Стариот мост и Малото мовче, кога Германците се повлекувале кон Скопје.

Истите луѓе инженери подоцна биле заробени и како казна пет години повторно го граделе. Како награда за успешно извршената работа, биле пуштени дома во Германија.

Кога мостот бил урнат од нивна страна, неколку мали дечиња си играле во близина. Голем столб се урнал врз нив и ги усмртил.

Кога повторно го граделе мостот, работниците им ги нашле телата, но за маката да не е поголема и да не добијат поголема казна, се раскажува дека им ги заѕидале телата во труповите на мостот.

Затоа, до ден денес некои веруваат дека се слушаат гласови како доаѓаат од внатрешноста на мостот.  

Urbani-legendi-od-Veles-crniot-krvav-kamen-zhenata-vo-belo-glasovi-na-duhovi-06.jpg

Куќата над германските гробишта

За оваа куќа која се наоѓа во близина на Којник има многу легенди. Некои велат дека била изградена од Германци, а некои дека Германци живееле во неа.

Но, како јас ја знам, и по кажувањата на моите роднини кои се од тој дел на градот, случката била сосема поразлична: На тоа одредено место, семејство одлучува да изгради куќа. Куќата почнува да се гради, темелите да се поставуваат, ѕидови да се ѕидаат, кров да се става.

Во екот на сето тоа, фамилијата која ја гради куќата доживува катастрофална трагедија. Додека одат на излет во близина на Велес, автомобилот им застанува на пругата по која поминувал воз. Набрзина жената (бремена во тој момент) излегла од колата, но нејзиниот сопруг и малото дете не успеале да излезат и загинуваат.

По неколку месеци, скршена од болка, жената дознава дека на тоа место имало гробишта на убиени Германци и решава да ја запре изградбата на куќата. Затоа, до ден денес, куќата стои неизградена, а од неа некои уверуваат дека се слушаат гласови, лелекања, шепоти. На заробените души на Германските војници.

Урбани легенди за Велес има многу. Но, овде ќе застанеме, за да можеме убаво да ги впиеме овие приказни.

Вакви приказни се пренесуваат низ ноќта. Од уста до уста. Низ сето тоа пренесување може ќе се изгуби некој факт, но приказната останува иста. Со истата порака, со истата срж и истиот копнеж. За нешто изгубено, кое треба да биде вратено. За несреќна љубов. За живот потрошен.

Од другата страна на превезот, којзнае што нѐ чека во вечноста. Којзнае каде ќе одиме ние. Само знаеме дека овие приказни ќе останат засекогаш. Бидејќи каде има чад, таму има и оган.

А што останува за нас? Да посетиме некој друг град и да видиме што се крие во утробата на урбаните легенди таму.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Кирил Ангелов | Црнобело



Би можело да ве интересира:

„Се молам да не заплачам додека пеам“: Ивона Јо ги испеа омилените песни од Тоше во Крушево „'Игри без граници' и 'Полско цвеќе' не можам да ги пеам, да дадам емоција, а да...
Maкедонка, што живее во САД, го откри полот на бебето со натпис на куќата и украси во дворот - најср... „Бидејќи синот Адам (3) беше возбуден за тоа дека ќе биде голем брат, сакав дозн...
Слаткар отворено за говорната маана: „На 2 години бев оставен сам во болница – кога ме зеле сум почн... „Едноствено уште како дете сум стравувал дека нема да можам да го кажам тоа што ...
Миро Кацаров ја направи првата од двете свадби: „Ивана носеше фустан како Северина, од црква отидовм... „Со Ивана се венчавме во една од најубавите цркви во Скопје, Св. Јован Крстител ...
Миа Костова гневна откако нејзиниот син бил жртва на врснички булинг - ѝ се обрати јавно на мајката ... „Андрија на училиште добил многу грозен коментар од дете од клас. Не од оние рег...
Ивана Кнез со моќен статус за 8 Март: „Не успеав - имам кариера, но немам партнер и деца“ „Не успеав, се вклопив во шема на кариеристки. Ама ќе успеам да излезам од неа и...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg