Денес се некои од најпознатите актери и музичари, а кариерата ја започнаа уште додека биле деца. Некои помали, а некои поголеми, но за сите нив е заедничко тоа што македонската публика имаше можност да ги гледа како растат на малите екрани.
На венчавката во црква Ивана носеше бел фустан со една прерамка, додека Миро избра кафеав костум со бела кошула и вратоврска пеперутка.
„Порасна детево“ – коментира Борко Ристовски на една од фотографиите на синот Душан, откако поради работните обврски со РК „Вардар“ остана во Скопје.
Викторија Лоба, Агнеса Органџиева, Марјана Станојковска, Јана Серафимова... Кои познати Македонки го пренесоа Барби трендот и на плажа?
Антониа Гиговска и нејзиниот сопруг се свадба - таа избра златен фустан со златен накит, а Роберт носи бела маичка. Гушнати и заљубени, тие уживаат во свадбената веселба.
„Мит: Mора да е бар малку боцкана, ставана ѝ е уста, шанса нема да е природна. Факт: Имам прекрасни родители со здрави гени и за ништо на светов не би го менувала лицето“, ја започнува својата искрена објава Ивана Кнез и става СТОП на сите гласини.
Со многу балони и забавна атмосфера, Симона Поповска и сопругот го прославија првиот роденден на помалото синче Стефан.
Ана Стојановска се појави во црн фустан со отсечоци кај стомакот и задникот и издоминира на црвениот тепих во Сараево, каде присуствуваше како дел од екипата на филмот „Кајмак“.
Сопругот на Антониа Гиговска, Роберт Спасенцовски, објави видео од салон за тетовирање и покажа како тату-артистот зема отпечаток од стапалото на неговиот син, а потоа го тетовира заедно со името на бебето - Киан.
Ги известуваме корисниците дека утрово беа оштетени главни магистрални оптички кабли на Телеком на повеќе локации во Кумановскиот и Струмичкиот регион преку кои поминува голем дел од мобилниот и фиксен сообраќај. Штетата е направена од градежни работи на трети страни, што предизвика пречки во услугите кај поголем број корисници.
„Сопругата Наташа е во 8-иот месец од бременоста. Ние сме веќе подготвени и го чекаме бебето,“ вели за CRNOBELO.com пејачот Маријан Стојаноски, кој веќе има син и ќерка.
„Додека бев бремена, на сите што кажав дека ќе раѓам на ГАК реакциите им беа негодувачки. Интуицијата ми кажуваше дека ќе помине сè во најдобар ред. Уште додека одев на редовни прегледи (кај кој било доктор што ќе се погодеше на смена, без фаќање „врски“) пристапот на вработените беше сериозно професионален, без ниту една забелешка...“, вели Ирина Дишовска за породувањето со синот Јосиф.
„Настапувавме заедно на свадба во Дебар пред некој ден со „Огнени момчиња“ и Илми, беше сè нормално, никој не се посомнева дека такво нешто може да се случи. Во еден момент видов дека плаче, но искоментиравме со колегите дека тоа е поради смртта на неговиот татко“, вели пејачката Сузана Гавазова за смртта на познатиот музичар.
„Идеално сценарио за нашиот мини одмор по повод една година од нашата врска: Мала, дива плажа, кристално чиста и топла вода, ти и јас и апсолутно никој наоколу“, напиша Јелена Спенџарска, а на последниот ден од одморот ја сподели својата мала авантура: „Јас и мојот капетан“.
Раперот Таско ужива во семејниот живот, а неговата емотивна објава по повод годишнината од љубовта со Таша гласи: „За уште една година љубов, која се продлабочи уште повеќе, за семејството кое станува посилно и за жената која е олицетворение на љубов и благодат...“
Со торта, свеќички со бројот „37“ и најсаканите покрај него, Слаткар го прослави својот роденденден. Синот Моша, кој му пееше песничка, веќе е големо момче, со небесно сини очи, идентични на оние на татко му.
Од вечерни излегувања до прошетки и одмори, Ивона Јо и нејзината пријателка, исто така музичарка, Тамара Волческа се неразделни. Ивона Јо блеска во бикини на плажа...
„Идејата за поканата, на која е нагласено дека ќе собираме донации, ни дојде случајно. Ивана има дете од првиот брак, го сака многу и знае како со деца и затоа сакаме да помогнеме на дечиња кои имаат потреба од тоа“, вели Миро Кацаров и додава дека на свадбата ќе има повеќе од 400 гости, над 15 музички артисти и црвен тепих.