Почина синот на Ферус Мустафов, познатиот кларинетист Илми Мустафов, три месеци по смртта на неговиот татко

„Настапувавме заедно на свадба во Дебар пред некој ден со „Огнени момчиња“ и со Илми, беше сè нормално, никој не се посомнева дека такво нешто може да се случи. Во еден момент видов дека плаче, но искоментиравме со колегите дека тоа е поради смртта на неговиот татко“, вели пејачката Сузана Гавазова за смртта на познатиот музичар.

pochina-poznatiot-klarinetist-ilmi-mustafov-tri-meseci-po-smrtta-na-negoviot-tatko-ferus-01.jpg

Неполни три месеци (22.05) по смртта на кралот на ромската музика, Ферус Мустафов, почина и неговиот син, кларинетистот и саксофонист, Илми Мустафов.

Илми почина на 15 август 2023 по кратко боледување, а неговата смрт ги остави во неверување колегите музичари и пријателите, кои се простуваат од него на социјалните мрежи.

pochina-poznatiot-klarinetist-ilmi-mustafov-tri-meseci-po-smrtta-na-negoviot-tatko-ferus-02.jpg

Меѓу оние кои се простуваат од Илми е и пејачката Сузана Гавазова.

„Илми Мустафов, синот на нашата легенда и кралот на саксофонот, Ферус, почина синоќа. Си замина толку брзо, толку ненадејно и зад себе остави опустошени срца, болка и тага.

Настапувавме заедно на свадба во Дебар пред некој ден со „Огнени момчиња“ и со Илми, беше сè нормално, никој не се посомнева дека такво нешто може да се случи.

pochina-poznatiot-klarinetist-ilmi-mustafov-tri-meseci-po-smrtta-na-negoviot-tatko-ferus-04.jpg

Во еден момент видов дека плаче, но искоментиравме со колегите дека тоа е поради смртта на неговиот татко. Илми си замина прерано.

Ќе ни недостигаш многу. Почивај во мир пријателе“, напиша таа и сподели заедничка фотографија на Фејсбук.

pochina-poznatiot-klarinetist-ilmi-mustafov-tri-meseci-po-smrtta-na-negoviot-tatko-ferus-03.jpg

Илми беше долгогодишен член на музичката група „Огнени момчиња“, и врвен музичар како неговиот татко.

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Почина Зоки Панкер, урбана легенда и газда на „Балет“ Почина Зоки Панкер – газдата на „Балет“, урбана легенда и култен градски лик. Ли...
Јоце Панов за тешкото детство: „Татко ми почина на 49 години, уште памтам како стоев надвор и чекав ... „Моите родители ме чекале 11 години. Мајка ми останувала бремена, но се случувал...
Антониа Гиговска во ауфит со градник од тантела и чорапи над колена ги критикува колегите за промоци... Антониа откри дека нејзиниот албум ја чинел колку еден мал стан, односно повеќе ...
Почина мајката на Дарко Илиевски, 3 месеци по смртта на татко му: „Кажете им на родителите дека ги с... „Денес си замина и мајка ми… Болката е преголема, тишината боли! Ми замина најго...
Мартин и Стефан од Некст Тајм во Рим - со постариот брат наздравуваат со ракија: „Повторна ергенска ... Поради фотографијата на која стои пораката „Повторна ергенска средба во Рим“, но...
Васка Леонтиќ: „Моето дете е од донор – плачеше затоа што немаше кој да ја носи на 'ушка' како други... „Koга матичарот ме праша за презимето зетот само рече 'Јас ќе го земам нејзиното...

Најчитани неделава