Мартин и Стефан од Некст Тајм во Рим - со постариот брат наздравуваат со ракија: „Повторна ергенска средба“
- Детали
- четврток, 10 јули 2025
Поради фотографијата на која стои пораката „Повторна ергенска средба во Рим“, но и фактот дека освен тројцата браќа Филиповски, со нив се уште двајца пријатели, почнаа да се шират гласини дека момците се дојдени на ергенска забава на Стефан.

Вечниот град, Рим, е еден од омилените на многу луѓе, па годишно го посетуваат и неколку милиони туристи.
А, таму во моментов се и Мартин и Стефан Филиповски од „Некст тајм“, со постариот брат Филип, но и двајца пријатели.
Откако пристигнаа во вечниот град на своето „машко патување“, тие најпрво наздравија со ракија, а на фотографијата објавена на Инстаграм Стори стои порака „Повторна ергенска средба во Рим“.

Освен што посетија некои од најпознатите туристички локации, меѓу кои Колосеумот и фонтаната Треви, момците седнаа во ресторан пред Пантеон, за да се одморат и изладат од јулските горештини.

Стефан објави видео од цените во локалот, во кој свежа лубеница е 7,5 евра, а толку чини и овошната салата Македонија.
Еспресо е 4.5 евра, а исто толку е и кафе со млеко, но и шолја чај.

Момците се забавуваат одлично, а тоа може да се види и од фотографиите:









