Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


„Затоа свири за мене, свири ми брате Ферусе“ - Почина Ферус Мустафов, кралот на ромската музика

Си замина нашата музичка легенда. Кралот на саксофонот и кларинетот Ферус Мустафов (72) по кратко боледување, ноќеска (22.05) почина.

pochina-ferus-mustafov-kralot-na-saksafonot-i-klarinetot-01.jpg

Ферус Мустафов на 26-ти април имаше мозочен удар и оттогаш беше сместен во болницата „8-ми Септември“ во Скопје.

По ова, Мустафов преживеал и втор мозочен удар, по што во изминатите денови состојбата значително му се влошила и бил ставен во вештачка кома.

Ферус Мустафов ќе биде погребан во градот каде што е роден, во Штип. 

Инаку тој бил роден во семејство на музичари и е син на Илми Јашаров. 

Неговата професионална кариера започнала на седумнаесетгодишна возраст, додека студирал виолина и кларинет во локална музичка академија, а за време на својата долгогодишна кариера важеше за еден од најдобрите кларинетисти и саксофонисти, не само во Македонија, туку пошироко и на Балканот.

На социјалните мрежи од Ферус се простија голем број познати личности и колеги. Игор Џамбазов објави фотографија од него до која напиша:

„Затоа свири за мене, свири ми брате Ферусе... Лесна ти земја, мајсторе...“

 Од Ферус се прости и јутјуберот Лазаров, кој на фотографијата на Ферус напиша:

„Почивај во мир голем човеку... се договоривме да ми отсвириш некој чочек на свадба, но не било пишано. Твоите дела ќе живеат вечно“

zatoa-sviri-za-mene-sviri-mi-brate-feruse-pochina-ferus-mustafov-kralot-na-romskata-muzika-02.jpg

Диџејот Марјан Мац Петровски исто така сподели заедничка фотографија со него и со музичката легенда:

zatoa-sviri-za-mene-sviri-mi-brate-feruse-pochina-ferus-mustafov-kralot-na-romskata-muzika-04.jpg

Ферус беше редовен гостин и на Златна бубамара на популарноста, па оттаму со кратка објава на нивната Фејсбук страница му оддадоа почит:

На социјалните мрежи фотографија објави и Калиопи, која напиша:

„Збогум легендо... Сега со Есма ќе го делите небото...“

Панчо од ДНК на својот Инстаграм профил сподели неколку заеднички фотографии со Ферус, до кои напиша:

„ Денес не напушти Ферус, кралот на саксофонот. Беше толку ГОЛЕМ што буквално можевме сите да му ги чистиме кондурите баш вака како на сликава.

Еден од најголемите „мајстори“ на саксофонот ако не и најголем. Почитуван и сакан од сите колеги, човек со голема смисла за хумор и огромно срце кој живееше за музиката и беше музика.

Преку своите звуци убеден сум дека не постои човек кој го нема станато од столче со рацете дигнати нагоре.

Ќе ми недостигаат оние кратки патувања, шали и дружби. Вечна ти слава брате Ферусе. Почивај во мир и свири им горе, весели ги како ти само најубаво знаеш и умееш.“

На Инстаграм Стори од Ферус се прости и Слаткар, кој објави нивна заедничка фотографија:

zatoa-sviri-za-mene-sviri-mi-brate-feruse-pochina-ferus-mustafov-kralot-na-romskata-muzika-06.jpg

Елена Ристеска раскажа за нивната прва и последна средба, а се збогува со него со нивна заедничка фотографија, до која напиша:

„На дочекот на новата 2023-та година првпат се видовме, а и последен пат.

Ви честитавме Нова година вам и она што го читам денес дека починал ме става во мисла колку е сѐ релативно во животот.

Денес здрави и живи сме, а утре може не. Исто како песната на Росана во која свиреше. Почивај во мир легендо!“

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Почина Зоки Фаци по долга борба со ракот Новинарот и водител Зоран Василевски, познат како Зоки Фаци, почина утрово по до...
Македонската двојничка на Кајли Џенер: Тијана е природна убавица со неверојатно тенок струк (фото) Македонија има убавица од светски ранг, која нè прави горди пред светот. Таа со ...
Каде е и што прави денес момчето што ја отпеа песната „Наташа од трето три“ – Леонид Ристев? Леонид признава дека никогаш немал намера да се занимава музика, иако во 1992-ра...
Ретка снимка од Тоше пред да стане славен - Видео старо околу 30 години е хит на Инстаграм На снимката стара околу 30-тина години, Тоше пее и свири на гитара во родното Кр...
Димитар Атанасовски по 15 години си замина од Сити радио: „Секоја приказна има крај“ „Скоро цел ден правам пиши бриши на описов, ама многу емоции собрани во 15 годин...
Симона Попоска со трогателна објава за Андреј од ДНК: „Постојат луѓе кои оставаат трага, таков беше ... „Се разбиравме на посебен начин - бевме двајца емотивци кои ги боли кога гледаат...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg