Веќе добро знаете дека Мирослав Илиќ оваа година прославува 50 години од својата кариера и тоа со големи концерти ширум регионот. После преполната Белградска...
„Дојдов во САД на само 17 години без да знам англиски јазик. Патот беше тежок. Немав семејство или роднини кога дојдов тука, но си го создадов најголемото семејство од сите пријатели кои ги сретнав низ годините. И најважно – ја сретнав мојата сопруга со која имаме две прекрасни деца, родени во САД“, вели Исмаил Лумановски за преселбата од Македонија. САД ѝ стана дом и на Сара Леши, која се пресели таму во име на љубовта.
Јелена Спенџарска никогаш посреќна, откако љубовта ја одведе во Грција.. Со саканиот ужива покрај море во Солун пиејќи кафе и лежејќи кај него во скут.
„Кога ќе ми завршеше снимачкиот ден, ми беше жал што утре не сум повторно на снимање, просто не сакаш да си заминеш од сет. Во ‘Бистра Вода’ го играм ликот на Ана, која живее со својот татко инвалид и својот помал брат, средношколец“, вели Ирена Илиевска, за новата серија, која се емитува на ТВ Алфа секоја недела во 20 часот.
Марија има сопруг од Даблин и поради тоа Ирска ѝ е дом речиси две децении. Но, оваа Македонка успеа таму да изгради свој успешен бизнис, а сега направи и фотосесија од светски ранг.
Пејачката Ивона Јо објави разголени фотки од себе по повод Денот на жената и испрати моќна порака до сите жени да бидат нежни према себе. Истата оваа порака Ивона ја има истетовирано меѓу градите.
Насмеана и во аутфит кој го истакнува трудничкото стомаче, Антониа Гиговска им го честиташе 8-ми Март на сите девојки и жени.
Од екстремни спортови како алпинизам и параглајдинг до готвење со љубов за својата сопруга и 4-те деца, Чедомир Јовановиќ (51) дефинитивно е еден од најзаводливите политичари во регионот.
Една година по тешките настани во нејзиниот живот, Александра Шијакоска е посреќна од кога било. Слави роденден со најблиските облечена во бело, откако на вистинскиот ден прослави со колешките и пријателки на инфлуенсерското патување во Маурициус.
Во избор од околу 400 аеродроми ширум светот, аеродромот во Скопје беше прогласен за еден од најдобрите аеродроми со 2 до 5 милиони патници годишно...
„За вакво големо шоу како „Ѕвездите на Гранд“ сметав дека треба да се пријавам кога ќе наполнам 18 години затоа што оваа голема сцена не бара скромност, напротив бара нешто необично, несекојдневно“, вели Милица Ризо Трајков (18) од Кавадарци за CRNOBELO.com, која е ученичка во 4-та година.
„Кога се запишав на факултет сите блиски ме прашуваа ‘Медицина и моделинг? Нема шанси, мора од нешто да се откажеш’. Но, денес сум четврта година на студии и сум дел од модна агенција од Милано, Италија“, вели нашиот интернационален модел Елена Ѓорговска (22) од Струга за CRNOBELO.com.
Поранешната водителка на естрадниот магазин „Бекстејџ“, Марија Петровска, направи голема забава за раѓањето на бебето еден месец пред да се породи. Таа забавата ја правеше во Словенија, каде што веќе седум години живее со сопругот Михаел.
Македонскиот фудбалер Давид Бабунски со сопругата и двете деца откри дека ова им е еден од последните викенди како семејство од 4, односно дека наскоро ќе добијат принова. Антониа Гиговска го покажа трудничкото стомаче, откако прекина со настапите, Снеже Велков со хит објава за 41-иот роденден, а Катарина Ивановска ја гледаме во едно најопуштените изданија досега - блеска без грам шминка.
Mладата кавадарчанка се појави во смел аутфит на сцената на „Ѕвездите на Гранд“. Благодарение на добрата изведба и впечатливиот настап Милица Ризо Трајков обезбеди учество во баражот.
„Пред точно една година мислев дека го славам мојот последен роденден. Година подоцна го славам мојот 30-ти роденден на остров во Африка. Прв пат славам роденден без семејството и пријателите и малку ми недостигаат“ – инфлуенсерката Александра Шијакоска со емотивна објава откако минатата година помина тешка операција на тумор на мозокот.
Има само 8 години, а веќе говори повеќе јазици, меѓу кои германски, англиски, кинески и арапски, а решава математички задачи наменети за втора година средно образование. Малиот генијалец од Тетово, Македон Димитровски го покажа сребрениот медал што го освои на натпреварот „Математика без граници“.
„Не постои поголема среќа“ – напиша на една од фотографиите сопругата на Јаков Спасов, Софија. Таа ги објави првите фотографии од сопругот со новородената ќеркичка Гаиа.