Прва фотка на Јаков Спасов, синот на Дац со ќерката Гаиа: „Не постои поголема среќа“

„Не постои поголема среќа“ – напиша на една од фотографиите сопругата на Јаков Спасов, Софија. Таа ги објави првите фотографии од сопругот со новородената ќеркичка Гаиа.

prva-fotka-na-jakov-spasov-sinot-na-dac-so-kjerkata-gaia-ne-postoi-pogolema-srekja-01.jpg

Сопругата на актерот Јаков Спасов и снаа на Дац, Софија Спасов ја објави првата фотографија од ќеркичката Гаиа и сопругот.

prva-fotka-na-jakov-spasov-sinot-na-dac-so-kjerkata-gaia-ne-postoi-pogolema-srekja-02.jpg

Како што може да се види од фотографијата објавена на Инстаграм, Софија и Гаиа веќе се вратиле дома, а Јаков ужива во улогата на татко.

Ќерката му е во раце, а до него има голем ранец на кој пишува „Daddy Bag“ (Чантата на тато).

prva-fotka-na-jakov-spasov-sinot-na-dac-so-kjerkata-gaia-ne-postoi-pogolema-srekja-04.jpg

За потсетување, актерот Драган Спасов Дац на 02.03 ја сподели среќната вест на социјалните мрежи и откри дека неговите син и снаа станале родители на Гаиа.

Софија претходно објави уште една фотографија на Инстаграм Стори со ќеркичката и напиша:

„Не постои поголема среќа. Фала ви на сите за искрените желби“.

prva-fotka-na-jakov-spasov-sinot-na-dac-so-kjerkata-gaia-ne-postoi-pogolema-srekja-05.jpg

Софија и јаков стапија во брак во мај минатата година, а во јули додека беа на меден месец во Исланд открија дека очекуваат бебе.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Антониа Гиговска во ауфит со градник од тантела и чорапи над колена ги критикува колегите за промоци... Антониа откри дека нејзиниот албум ја чинел колку еден мал стан, односно повеќе ...
Софија Јанева по првиот роденден на синот: „Ниту една мајка не сака да чуе - Паѓа срцева акција, мор... „Породувањето беше искуство што засекогаш ме промени, но уште 1.000 пати би поми...
Софија Јанева: „На 40 дена син ми се разболе од RSV вирус, бевме на интензивна нега, со мало бебе шт... „Матео, точно на 40 дена, се разболе од RSV virus. Отидовме на интензивна нега, ...
Сопругата на Андреј од ДНК објави емотивен спомен од него со ќеркичката - тој вели: „Мавни ѝ со рака... Наталија на Инстаграм Стори прво сподели емотивно видео со инсерти од кобната но...
Сара Ѓуроски за одморот во Грција со мало дете: „Немаше мирни утра со кафе, ниту читање на плажа - п... „Мојот распоред сега го води едно мало, радосно торнадо по име Јан, а секој одмо...
Виктор Апостоловски присуствувал на породувањето на сопругата: „Не знам дали маж може да издржи нешт... „Иако сите од еден до последен ми велеа ‘Немој да присуствуваш, немој, некои раб...

Најчитани неделава