Добрите луѓе им приредија неколку изненадувања на дечињата од Детската клиника во Скопје, наш теквондист освои сребро на Олимписките игри и беа направени четири успешни трансплантации на срце - 2021-ва изобилува со прекрасни моменти на кои вреди да се потсетиме.
„Среќен роденден на најважната жена во нашиот живот! Те сакаме најмногу мамо! Секогаш да си ни насмеана како на сликава“, напиша Каролина и објави семејни фотографии.
На две локации во Охридското Езеро, кај Заливот на коските и во изворите на реката Црн Дрим се поставени подводни новогодишни елки. Со ова нуркачите од клубот за подводни активности „Охрид“ и на нуркачкиот клуб „Амфора“ ги упатија новогодишните честитки.
Кога партнерот ти е и најдобар пријател и колега и придружник за сè, тогаш не може, а да не бидете среќни. Шармантните Дарко Влогс и Даниела се доказ за тоа. Тој го прослави 33-иот роден, а таа емотивно му честиташе.
Јелена Јованова крај елката со своите најсакани го прослави католичкиот Божиќ во Хрватска, Сања Николиќ уживаше во прошетката во парк со Слаткар и нивниот син Моша, Игор Џамбазов се радува на пристигнувањето на неговата сестра во Македонија, по цели пет години, а пак внукот на Тоше Проески е на концерт во Белград.
Илина Арсова обожава предизвици и авантури, па така денес 25-ти декември собра храброст и влезе во Охридското Езеро. Секоја чест за храброста!
Овој македонски локал секоја година воодушевува со новогодишните декорации. Минатата година имаа украсено автомобил Застава 750 (популарно наречен Фиќо), а годинава имаат бајковито новогодишно вовче. Браво!
Викторија Лоба со години е во љубовна врска со саканиот Ѓорѓи, но ова е ретка пригода да објави фотографии од него. Парот уживаше во зимската идила на Копаоник.
Со сребрени и црни балони, торта со диско топки и сјајни колачиња, Маја Кикириткова му ја креираше забавата од соништата на својот 4-годишен син.
Детската насмевка нема цена, особено кога станува збор за болни дечиња. Браво момци и девојко херои! И годинава бевте светла точка во нашето секојдневие.
Во силна розова нијанса оваа врата во Скопје ве мами да застанете и да си направите фотка. Девојките ја обожаваат.
„Живееш, ама еднаш ќе умреш…Многу луѓе ќе дојдат на погребот бидејќи им значиш. Некои ќе дојдат и од многу далеку, некој ќе земат и слободен ден од работа само да стасаат на твојот погреб и тој ден ќе бидеш во центарот на вниманието“, ја започнува Панчо од ДНК својата објава.
Никогаш посекси, никогаш посамоуверена... Антониа Гиговска доминира во впечатлив и смел стајлинг, на прослава со дечкото.
Илина Арсова блесна во елегантно издание на сцената кога доделуваше награда, а пак каратистката Пуликсенија Јовановска донесе вистински холивудски гламур на подигнувањето на наградата за најдобра спортистка.
Македонската химна се слушна во Варшава, откако 12-годишниот Анди Исмаили од Гостивар по вторпат стана светски првак во модерен современ танц. Тој и годинава од Полска се врати со освоен златен медал.
Надица Ѓеоргиева и Иво Јанковски се еден од најстилските парови во Македонија, па во такво тренди издание се и на патувањето во Унгарија. Андреј од ДНК ги покажа своите најсакани жени – ќеркичката и сопругата, а пак нашата најубава и најпозната спортистка ја видовме во издание на деловна жена.
Сара порасна во вистинска убавица, таа со години живее во САД, а нејзините родители уживаа во посетата таму, повљубени од кога било.
Иако нашите претставници на детската Евровизија не победија и го освоија 9-тото место, моќната порака што ја упатија со песната Green Forces не остана незабележана...