10 гангстерски филмови кои мора да ги изгледате (и ќе ве држат во неизвесност до крај)
Godfather со децении е репер за тоа како треба да изгледа добар мафијашки филм, додека The Irishman е епска гангстерска сага која трае над три часа, но нема ниту една здодевна минута.
Гангстерските филмови отсекогаш ја фасцинирале јавноста, особено кога се инспирирани од вистински ликови.
Животот на гангстерите кој е исполнет со насилство не би го посакал никој, но дефинитивно претставува добар материјал за филм кој ќе нè држи во неизвесност.
10 гангстерски филмови кои треба да ги изгледате:
The Outfit
Филм чие дејство во голема мера се одвива во една просторија, но кој ќе ве држи во неизвесност до самиот крај.
Главниот лик е шивач чиј салон се наоѓа во соседство што го контролира ирски гангстер.
Неговиот салон е еден вид фронт и збирно место за мафијата и иако ова е против негова волја, тој не се осмелува да рече нешто.
Road to Perdition
Со Том Хенкс во главната улога, Road to Perdition е филм кој прикажува низ што минуваат семејствата на гангстерите.
Хенкс глуми убиец за локална мафија, чиј син сведочи на едно од неговите убиства. Знаејќи дека мафијата нема да дозволи да остане жив, тој дава сè од себе за да го спаси.
The Irishman
Генијалниот филм на Мартин Скорсезе трае три и пол часа, но нема ниту една здодевна минута.
Дејството опфаќа неколку децении – од 1950-тите до 1970-тите – и се фокусира на возач на камион кој станува гангстер.
Со актерска екипа што ја сочинуваат Робер де Ниро, Ал Пачино и Џо Пеши, бидете сигурни дека филмот е вистинско уживање.
Goodfellas
Уште едно ремек-дело на Скорсезе кој заслужено важи за „кралот“ на гангстерските филмови.
Дејството е инспирирано од вистинската животна приказна на Хенри Хил – еден од најпознатите американски гангстери.
Ова е уште една соработка на режисерот со Роберт де Ниро и Џо Пеши.
Scarface
Листата не би била комплетна без култниот Scarface со Ал Пачино во главната улога.
Познатиот актер го глуми Тони Монтана – гангстер кој гради нарко империја во Мајами.
Но, како што се зголемуваат неговите моќ и богатство, се зголемува и неговата алчност.