Помалку познати, но одлични филмови од 2023-та (кои веројатно сте ги пропуштиле)

The Covenant, BlackBerry, Gran Turismo - годинава бројни добри филмови останаа незабележани, но ова не значи дека треба да ги прескокнете.

pomalku-poznati-no-odlichni-filmovi-od-2023-ta-koi-verojatno-ste-gi-propushtile-01.jpg

Кога ќе се земе предвид дека годинава имавме можност да погледнеме нови ремек дела на режисери како Кристофер Нолан и Џејмс Камерон, не е ни чудно што многу филмови поминаа незабележано.

Но, само затоа што некој филм нема огромна заработка или не успеал да се истакне во огромната конкуренција, не значи дека е лош.

10 помалку познати филмови од 2023-та кои треба да ги изгледате:

The Covenant

Дејството на филмот на Гај Ричи е сместено за време на војната во Авганистан.

Главниот лик е локален преведувач кој си го ризикува животот за да му помогне на ранет војник.

The Last Kingdom: Seven Kings Must Die

Филмот е снимен според серијалот The Saxon Stories на Бернард Корнвел и е вид продолжение на серијата The Last kingdom.

Доколку сакате историски драми, вреди да ја изгледате серијата, а потоа и филмот.

Champions

Со Вуди Харелсон во главната улога, дејството на филмот се фокусира на кошаркарски тренер.

Тој добива судска наредба да направи тим од играчи со пречки во развојот и иако на почетокот се сомнева во нив, наскоро сфаќа дека заедно можат да постигнат многу.

Dungeons & Dragons: Honor Among Thieves

Веројатно никој не очекуваше дека може да се направи добар филм според најпопуларната друштвена игра на сите времиња.

Во филмот, главниот лик е шармантен крадец кој со неговата необична дружина пробува да најде изгубена реликвија.

A Good Person

Главниот лик е Алисон, млада жена со навидум совршен живот.

Но, нејзиниот совршен свет почнува да се руши по фатална сообраќајка.

Главните улоги им припаѓаат на Морган Фримен и Флоренс Пју.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Кој морничав филм да го изгледате викендов, според хороскопскиот знак? На Лавовите сигурно ќе им се допадне Interview with the Vampire, додека Близнаци...
Филмови од раните 2000-ти што ќе ви разбудат носталгија По Индијана Џонс, хит беше Лара Крофт, а за оние кои не сакаат видеоигри, овде е...
10 ужасни филмови кои вреди да ги изгледате (и веќе се сметаат за култни) The Room се смета за најлошиот филм на сите времиња кој мора да се изгледа, доде...
10 филмови со силни и инспиративни жени во главните улоги Бремена тинејџерка која носи тешка одлука за најдоброто на нероденото дете, сред...
10 збунувачки филмови што ќе треба да ги изгледате двапати за да ги разберете Јавноста до денес дебатира за значењето и смислата на Mullholand Drive, додека P...
10 психолошки трилери за кои ќе размислувате со денови откако ќе ги изгледате Ако сакате приказни за сериски убијци, изгледајте го Zodiac – филм инспириран од...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg