10 добитници на Оскар за најдобар филм што секој мора да ги изгледа

No Country for Old Men

Според многумина, ликот кој го глуми Хавиер Бардем е најреално филмско прикажување на психопат.

Едниот од главните ликови е ловец кој случајно наоѓа куфер со милион долари. Но, набрзо почнува да го следи убиецот психопат на кој целата ситуација му изгледа како забавен лов.

Argo

Филмот е инспириран од висинска приказна, но дискутабилно е колку се точни деталите изнесени во него.

Но, сепак, Argo раскажува уникатен случај и вреди да го погледнете.

Дејството се фокусира на агент на ЦИА кој пробува да извлече шест Американци кои се заложници во Иран.

За таа цел, тие се преправаат дека се филмска екипа од Холивуд.

12 Years a Slave

Потресен филм кој веројатно нема да сакате да го изгледате двапати, но кој одлично прикажува со што се соочувале робовите во робовладетелска Америка.

Филмот се фокусира на голготата на Афроамериканец кој е продаден како роб и неговиот пат до ослободувањето.

Schindler’s List

Уште еден потресен филм, овој пат инспириран од вистинска приказна од Втората светска војна.

Оскар Шиндлер е сопственик на фабрика кој ја користи својата моќ за да спаси што е можно повеќе евреи во времето на холокаустот.

Forrest Gump

Емотивна приказна за живото на маж со многу ниско ниво на интелигенција кој ги доживува најчудните пресврти во животот.

Форест Гамп некако успева да се најде среде бројни клучни историски моменти, но тој има само една цел – да ја пронајде љубовта од неговото детство.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Кој морничав филм да го изгледате викендов, според хороскопскиот знак? На Лавовите сигурно ќе им се допадне Interview with the Vampire, додека Близнаци...
10 од најдобрите филмови од 2020-та до денес што можеби сте ги пропуштиле Ако сте расположени за акциона комедија, вреди да му дадете шанса на Bullet Trai...
10 ужасни филмови кои вреди да ги изгледате (и веќе се сметаат за култни) The Room се смета за најлошиот филм на сите времиња кој мора да се изгледа, доде...
10 филмови кои ќе ви бидат како мини-одмор овој мај In Bruges ќе ве однесе во магичниот белгиски град Бриж, додека Tracks ќе ви ја п...
10 романтични комедии што ќе ве опуштат и расположат овој викенд The Proposal, Bridget Jones’s Diary и Why Him? се забавни романтични комедии кои...
10 филмови од 2023 година кои не треба да ги пропуштите Ако не ги изгледавте Barbie и Oppenheimer, време е да го направите тоа. Но, доко...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg