Андријана Јаневска стана доктор на науки: 9 години собирала 150 народни песни, сопругот ѝ е најголема поддршка

„Во Ректоратот на УКИМ бев промовирана во доктор на науки. На докторскиот труд работев девет години и успеав да заштитам над 150 македонски народни песни во регионите Мала Преспа, Голо Брдо и Гора“, напиша Андријана Јаневска.

andrijana-janevska-stana-doktor-na-nauki-9-godini-sobirala-150-narodni-pesni-soprugot-dino-najgolema-poddrshka-01.jpg

Пејачката Андријана Јаневска, која е професор по солфеж и соло пеење на катедрата за популарни жанрови на Факултетот за музичка уметност, но и виолинистка во НОБ, вчера (13.05) ја зеде својата диплома.

Таа на социјалните мрежи објави фотографии од прогласувањето за доктор на науки. Со неа беше и сопругот, гитаристот Драган Гиновски - Гино, кој не само сега, туку и години наназад ѝ е најголема поддршка.

„Денес во Ректоратот на УКИМ бев промовирана во доктор на науки. Благодарност до проф. д-р Родна Величковска која како мој ментор несебично ми помагаше во текот на пишувањето на трудот. Честитки и до останатите колеги“, напиша Андријана.

andrijana-janevska-stana-doktor-na-nauki-9-godini-sobirala-150-narodni-pesni-soprugot-dino-najgolema-poddrshka-06.jpg

Јаневска пред неколку дена, пишувајќи на тема Евровизија на својот Фејсбук, откри дека девет години го подготвувала својот докторски труд.

„Денес имам 42 години и се чувствувам исполнето, среќно и остварено на приватен и професионален план.

Што се однесува до мојата желба да направам нешто за Македонија, тоа го направив преку докторскиот труд на кој работев девет години, а со кој успеав да заштитам над 150 македонски народни песни во регионите Мала Преспа, Голо Брдо и Гора, кои соседните држави претходно суптилно, а во последен период јавно почнаа да ги претставуваат како свои“, напиша Андријана.

Повеќе фотографии од одбраната на докторскиот труд на Јаневска:

andrijana-janevska-stana-doktor-na-nauki-9-godini-sobirala-150-narodni-pesni-soprugot-dino-najgolema-poddrshka-04.jpg

andrijana-janevska-stana-doktor-na-nauki-9-godini-sobirala-150-narodni-pesni-soprugot-dino-najgolema-poddrshka-05.jpg

andrijana-janevska-stana-doktor-na-nauki-9-godini-sobirala-150-narodni-pesni-soprugot-dino-najgolema-poddrshka-07.jpg

andrijana-janevska-stana-doktor-na-nauki-9-godini-sobirala-150-narodni-pesni-soprugot-dino-najgolema-poddrshka-02.jpg

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како изгледа денес внукот на Тоше Проески? На светот не постоеше личност што Тоше Проески повеќе ја сака од неговиот внук К...
Денес почнува божиќниот пост – кои денови се јаде риба, кога се пости на вода и од што да се откажет... Божиќниот пост ќе трае 40 дена, односно од 28 ноември до 6 јануари, во овој пери...
Сопругот на Антониа Гиговска наполни 28 години – таа го изненади со торта со „Џокер“, најголем подар...  „Мојот животен поклон, мојот НАСЛЕДНИК“ - напиша Роберт на фотографија со ...
„Се боревме заедно 213 денови и денес ни одлета“ – Тимот на Систина се збогува од Панчо, како и него... „Вие бевте тие кои ми дадовте 7 месеци можност да се гушкам и зборувам сè што не...
Фифи Јаневска го покажа деколтето во бикини - се спрема за плажа на Малта, по снимањето песна во Мак... „Подготовки за море“, напиша таа и позираше во златни бикини. Нашата трансродна ...
Сопругот на Антониа Гиговска прави склекови со пејачката на грб - Џокер ја одржува фит формата На 25-тиот роденден на Антониа Гиговска, сопругот Џокер романтично ја запроси од...

Најчитани неделава