Сања Ристиќ не ја крие љубовта кон Перо Антиќ: „Моето срце е за медал, ги собира сите овие 211cm“

„Не знам за вашите срца, колку се големи и колку љубов можат да соберат, ама моето е за медал, ги собира сите овие 211cm“, напиша Сања Ристиќ на Инстаграм и објави фотографија со својот партнер, Перо Антиќ.

sanja-ristikj-ne-ja-krie-ljubovta-kon-pero-antikj-moeto-srce-e-za-medal-gi-sobira-site-ovie-211cm-01_copy.jpg

Неколку месеци откако открија дека се во врска, Сања Ристиќ, која работи како менаџер во семејна компанија, и претседателот на Кошаркарската федерација на Македонија, Перо Антиќ, не кријат колку се заљубени.

sanja-ristikj-ne-ja-krie-ljubovta-kon-pero-antikj-moeto-srce-e-za-medal-gi-sobira-site-ovie-211cm-03.jpg

Парот постојано споделува заеднички фотографии на социјалните мрежи, често одат заедно на патувања, а дека врската им е навистина сериозна покажаа и неодамна, кога беа на одмор на островот Родос во Грција, на кој друштво им правеа нивните деца од претходните бракови.

Па откако Перо неодамна на Инстаграм објави фотка на која насмеани се држат за раце, со порака „Продолжи да се смееш“, сега и Сања му испрати романтична порака преку социјалните мрежи:

„Не знам за вашите срца, колку се големи и колку љубов можат да соберат, ама моето е за медал, ги собира сите овие 211cm“.

Фотографијата ја сподели и Антиќ, кој на својата девојка ѝ одговори со неколку емотикони срце и вљубено човече.

„Имате сјај во очите“, „Ти си уникатна и ја заслужуваш најголемата љубов и среќа. Да блескаш цел живот“, „Прекрасен пар“, се дел од коментарите кои им ги оставија пријателите и следбениците на Инстаграм.

sanja-ristikj-ne-ja-krie-ljubovta-kon-pero-antikj-moeto-srce-e-za-medal-gi-sobira-site-ovie-211cm-02.jpg

За потсетување, Перо и Сања официјално открија дека се заедно во јануари, кога објавија фотка во пижами додека се возат во автомобил и со тоа ги потврдија чаршиските муабети дека се во врска.

Сања, неодамна на увото стави пирс во вид на срце и напиша дека му го посветува на својот дечко.

sanja-ristikj-ne-ja-krie-ljubovta-kon-pero-antikj-moeto-srce-e-za-medal-gi-sobira-site-ovie-211cm-06.jpg

Прочитајте и Сања Ристиќ се пофали со новиот пирс посветен на Перо Антиќ: „Го живееме најубавиот живот“

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Виктор Апостоловски присуствувал на породувањето на сопругата: „Не знам дали маж може да издржи нешт... „Иако сите од еден до последен ми велеа ‘Немој да присуствуваш, немој, некои раб...
Берберот Ерко за борбата на ќеркичката со леукемија: „Беше страшно да се гледа низ што минува во бол... Познатиот бербер од Скопје Ерко раскажува за најтешката битка, а зборовите нема ...
Трогателна исповед на маж (39) од Велес, кој бил жртва на педофил, но и жртва на семејно насилство о... „Ти се свиѓаше силувањето а? Уште сакаш а?“ рекоа троловите зад скриените профил...
Сара Ѓуроски за одморот во Грција со мало дете: „Немаше мирни утра со кафе, ниту читање на плажа - п... „Мојот распоред сега го води едно мало, радосно торнадо по име Јан, а секој одмо...
„Лавина мина над мене, бегав од мечка“ - Ирина Камилоска за најопасните моменти од планинарењето Ирина Камилоска, која често знае да каже дека ѝ недостига искачувањето планински...

Најчитани неделава