Филмски викенд: Кога деца се во главна улога

filmski-vikend-koga-deca-se-vo-glavna-uloga-povekjeФилмовите каде глумат деца не ми се во топ 5 типови на филмови за гледање, но имам приметено дека ако налетам на ET, Now and Then, Ri¢hie Ri¢h...


...Casper итн.. секогаш ги догледувам.

Дали дека ме потсеќаат на детството или дека се навистина интересни, незнам, но знам дека следните филмови каде децата се во главна улога се подеднакво квалитетни.

Немојте да се збуните и да помислите дека ви предлагаме детски филмови бидејки тука се раскажуваат приказни за возрасни.

Покриваме различни жанрови од акција, комедија, научна фантастика и романса. Имаме филмови што ќе ве забавуваат и филмови што ќе ви го стопат срцето. За секого по нешто.

Уживајте во овој филмски викенд!


Super 8 (2011)

filmski-vikend-koga-deca-se-vo-glavna-uloga-1

Група деца снимаат аматерски филм со Супер 8 камера (одтука и насловот) и додека снимаат на една локација близу пругите ќе сведочат сообраќајна несреќа при која експлодира еден воз.

Но, има нешто чудно со возот и со целата несреќа, а децата не можат точно да си објаснат што се случило...

Набрзо почнуваат да се случуваат мистериозни работи низ градот, работи што изгледаат како да не се од овој свет. Понатаму не раскажувам за да не откријам што точно се случува.

Ги имаме сите елементи што е потребно за еден филм да ни го задрже вниманието, децата созреваат, се заљубуваат и имаат неверојатни авантури.

Одличен филм и за постари и за помлади. Ако ви се допаѓа ЕТ тогаш сигурно ќе ви се допадне и овој.

Мене лично најмногу ми се допадна како децата глумеа во филмот, посебно помалата сестра на Дакота Фанинг, Ел Фанинг.

Режија: J.J. Abrams
Глума: Elle Fanning,Joel Courtney, Amanda Michalka, Kyle Chandler


Flipped (2010)

filmski-vikend-koga-deca-se-vo-glavna-uloga-2

Овој е мојот омилен филм меѓу сите предлози. Брајс и Џули се соседи и учат во истото училиште. Џули го сака Брајс од моментот кога го виде, но тој мисли дека таа е малку чукната и ја избегнува по секоја цена.

Кога Џули ќе се разочара од Брајс, улогите се менуваат, таа го избегнува, а тој се заљубува. Класичен пример за лош тајминг.

Интересен филм кој повеќе говори за врските меѓу машките и женските, отколку за нивната детска љубов. Секоја ситуација е преставена прво низ нејзините очи, а потоа преку неговите. Интересено е да се гледа како двајцата имаат сосема различни погледи кон настаните и како созреваат преку сите искуства.

Дали ќе успеат да се најдат на иста љубовна фрекфенција? Ви го препорачувам со цело срце. Ќе ве потсети на вашите први детски симпатии, ќе ве натера да се сетите кога чуствата биле нерасипани и ќе ве натера да размислите за вторите шанси и простувањето.

Иако главните глумци се деца овој е филм за големи.

Режија: Rob Reiner
Глума: Madeline Carroll (Џули), Callan McAuliffe (Брајс)


Real Steel (2011)

filmski-vikend-koga-deca-se-vo-glavna-uloga-3

Овој филм повеќе ги обработува односите меѓу синот и таткото, но вреди да си го најде местото во овие предози бидејки синот е централен карактер. 

Го имаме Чарли, таткото, и неговиот отуѓен син Макс. Тие не се знаат, но поради спрет на околности Макс е оставен кај Чарли, и двајцата добиваат шанса да се запознаат поубаво.

А како поубаво преку заедничката страст за бокс и роботи. А да, заборавив да спомнам дека дејствието е сместено во блиска иднина, каде боксирањето изгледа ултра хајтек, т.е. роботите се тепаат, а луѓето ги контролираат.

Освен интересните сцени со роботите нема некоја приказна што е оргинална, но сепак филмов ќе ви пружи забава за една ноќ помината пред телевизор (или компјутер).

Има моменти кои не ми се допаднаа како фактот дека односите меѓу таткото и синот се недоразвиени, но филмот има одлични акциони сцени. Нешто како Роки со роботи.

Режија: Shawn Levy
Глума: Hugh Jackman (Чарли),Dakota Goyo (Макс), Evangeline Lilly (девојката на Чарли)

И.Т. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 дистописки филмови што ќе ве натераат да размислувате Interstellar, V for Vendetta и Blade Runner 2049 се сметаат за едни од најдобрит...
Жени режисери кои доминираат во филмската индустрија и треба да ги знаете Светот ја зафати „розова треска“ поради филмот Barbiе во режија на единствената ...
„Тајни“ кодови за пребарување на Нетфликс по категории Знаевте ли дека на Нетфликс можете да користите кодови за подетално пребарување ...
Најдобрите празнични филмови на сите времиња, според IMDb Покрај Home Alone кој традиционално се наоѓа на сите вакви листи, кои се другите...
10 од најдобрите комедии на 21-ви век што сигурно ќе ве расположат Tropic Thunder e забавна критика на холивудските филмови и нивните клишеа, додек...
Филмови и серии на Нетфликс што не треба да ги пропуштите овој јануари Документарци, серии и забавни филмови – што треба да изгледате на Нетфликс овој ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg