Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


10 забавни филмови што периодов можете да ги изгледате во кино

Играната адаптација на Lilo & Stitch, но и осмото продолжение на култниот серијал Mission: Impossible со Том Круз во главната улога.

10-zabavni-filmovi-shto-periodov-mozhete-da-gi-izgledate-vo-kino-01.jpg

Ако сте расположени за кино, периодов програмите на кината низ Македонија нудат навистина одлични наслови.

Драми, комедии, трилери и по некој хорор – дефинитивно има по нешто за сечиј вкус.

Десет филмови што периодов можете да ги изгледате во кино:

Lilo & Stitch

Најновата играна адаптација од Дизни е римејк на еден од најдобрите цртани од филмското студио – Lilo & Stitch.

Лило е мало девојче од Хаваи кое живее со својата сестра. Бидејќи е осамена, се спријателува со Стич – слатко суштество за кое не е свесна дека е вонземјанин дизајниран за уништување.

Додека Стич бега од другите вонземјани, Лило му помага да сфати зошто семејството е најважното нешто во животот.

Mission: Impossible – The Final Reckoning

Том Круз се враќа во осмото продолжение на серијалот Mission: Impossible каде ја репризира улогата на агентот Итан Хант.

Во новиот филм, тој и група експерти пробуваат да се справат со вештачка интелигенција која се заканува да го уништи човештвото.

Се шпекулира дека ова ќе биде последниот филм од серијалот кој доминира во индустријата веќе три децении.

The Amateur

Со Рами Малек во главната улога, The Amateur е трилер кој се фокусира на експерт за шифри кој работи во ЦИА.

По смртта на неговата сопруга во теросистички напад, самиот тргнува на мисија да ги фати сторителите.

Sinners

Опишуван како „нов вид хорор“, дејството на Sinners раскажува за браќа близнаци кои сакаат нов почеток, па се враќаат во нивниот роден град.

Но, овде ги пречекува зло кое треба да го уништат.

Les Femmes au balcon

Францускиот филм Les Femmes au balcon е необичен спој на хорор и комедија.

Главните ликови се три жени кои за време на топлотен бран во Марсеј се заробени во ист апартман, па од балконот набљудуваат и коментираат за светот околу нив. Но, набрзо приказната добива мрачен пресврт.

Пред да се одлучите да го гледате, важно е да знаете дека филмот има и неколку доста вознемирувачки сцени.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

10 божиќни филмови на Нетфликс кои ќе ве подготват за празничната сезона Новиот филм на Линдзи Лохан или, пак, добро познатиот Love Actually - што ќе гле...
Контроверзни моменти од популарни романтични филмови (и серии), кои денес се критикувани „Pretty Woman не е романтична бајка, туку филм за проститутка која станува дама ...
10 филмови кои не добија Оскар, но дефинитивно го заслужија Иако No Country for Old Men е одличен филм и си го заслужи Оскарот, истото може ...
10-те најгледани филмови на Нетфликс за 2024-та досега Новиот научнофантастичен филм на Џеј Ло, како и морничавиот шпански филм снимен ...
Илуминати, фотографии од разголени жени – „Скриени“ пораки во постарите анимирани филмови на Дизни Во кадар од постара верзија цртаниот филм The Rescuers, јасно се гледа фотографи...
10 филмови што со нетрпение ги очекуваме во првата половина од 2025-та Last Breath кој е снимен според морничава, но и фасцинантна вистинска приказна, ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg