Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


10 забавни филмови што периодов можете да ги изгледате во кино

A Minecraft Movie

Снимен според истоимената мошне популарна игра, A Minecraft Movie ги подели мислењата на јавноста. Односно, ако ја сакате играта, веројатно ќе ви се допадне и филмот.

Главните ликови се група луѓе кои преку мистериозен портал влегуваат во нов свет – светот од играта Minecraft. За да излезат, треба да ги научат правилата.

Silence of Sirens (Heshtja e Sirenave)

Silence of Sirens е филм на албански јазик во чија продукција се вклучени неколку држави – Косово, Швајцарија, Македонија и Албанија.

Главниот лик е Авни, сообраќаен полицаец од мало гратче во Косово, кој со својот партнер одвреме-навреме прифаќа мали суми за мито од возачите.

Но, една ноќ приведуваат пијан возач со торба пари во багажникот и несвесно се вплеткуваат во голем корупциски скандал.

Final Destination: Bloodlines

Периодов можете да изгледате и уште едно продолжение од ултра популарен филмски серијал. По пауза од речиси 14 години, конечно е издадено шестото продолжение од познатиот серијал Final Destination.

Новиот филм е „приквел“, односно настаните се случуваат пред дејството во постарите филмови, и ги истражува почетоците на мистериозната сила која ги предизвикува фаталните несреќи од кои никој не може да избега.

The Accountant 2

Бен Афлек ја репризира својата улога во второто продолжение на The Accaountant.

Тој го глуми форензичкиот сметководител Кристијан Волф, кој овој пат се здружува со својот брат за да им влезе во трага на група мистериозни убијци.

Thunderbolts*

Снимен според стриповите на Марвел, Thunderbolts* е 36-тиот филм од франшизата Marvel Cinematic Universe.

Главните ликови се група антихерои и поранешни злосторници кои стануваат дел од таен тим наречен Thunderbolts. Нивната задача е да вршат тајни мисии кои владата на САД не сака да допрат до јавноста.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

10 божиќни филмови на Нетфликс кои ќе ве подготват за празничната сезона Новиот филм на Линдзи Лохан или, пак, добро познатиот Love Actually - што ќе гле...
Контроверзни моменти од популарни романтични филмови (и серии), кои денес се критикувани „Pretty Woman не е романтична бајка, туку филм за проститутка која станува дама ...
10 филмови кои не добија Оскар, но дефинитивно го заслужија Иако No Country for Old Men е одличен филм и си го заслужи Оскарот, истото може ...
10-те најгледани филмови на Нетфликс за 2024-та досега Новиот научнофантастичен филм на Џеј Ло, како и морничавиот шпански филм снимен ...
Илуминати, фотографии од разголени жени – „Скриени“ пораки во постарите анимирани филмови на Дизни Во кадар од постара верзија цртаниот филм The Rescuers, јасно се гледа фотографи...
10 филмови што со нетрпение ги очекуваме во првата половина од 2025-та Last Breath кој е снимен според морничава, но и фасцинантна вистинска приказна, ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg