Убиство од култ, самоубиства, морничави повици – 6 (хорор) филмови за кои се верува дека се „проколнати“
Џон Ленон бил убиен пред зградата во којашто се снимал Rosemary’s Baby, додека сопругата на режисерот на филмот беше убиена од култот на Чарлс Менсон. Поради ова и низа други смртни случаи и трагедии, некои се убедени дека морничавиот филм е проколнат.
Колку и да не верувате во клетви, духови и што било натприродно, мора да признаете дека некогаш се случуваат чудни, необјасниви работи.
Истото може да се каже и за некои филмски сетови на кои се случиле толку многу трагедии и бизарни работи, што некои луѓе се убедени дека се проколнати.
Во овие ситуации поверојатно е дека станува збор само за случајност, но тоа не го оспорува фактот дека настаните се ништо помалку од морничави.
Филмови за кои се верува дека се проколнати:
The Exorcist
Иако е снимен во далечната 1973-та, The Exorcist до денес важи за еден од најстрашните хорор филмови.
Па, малце е морничаво што и на сетот се случиле низа бизарни работи.
Главниот негативец е демон кој опседнува младо девојче и целата атмосфера на филмот е морничава и страшна.
А, изгледа исто било и на самиот сет – за време на снимањето, многу луѓе од филмската екипа биле повредени, се случил пожар, во црква во којашто се снимало удрил гром, а една личност доживеала и сообраќајна несреќа.
Двајца од актерите во филмот починаа непосредно пред премиерата, додека неколку членови на филмската екипа имаат откриено дека додека траело снимањето, им починале членови на семејството.
Севкупно, околу снимањето на филмот имало многу несреќи и смртни случаи, па се верува дека сепак бил проколнат.
Rebel Without a Cause
Покрај помалите инциденти, како тепачка помеѓу двајца актери, но и љубовниот триаголник меѓу режисерот и двајца актери, имало и други инциденти поврзани со филмот поради кои се верува дека е проколнат.
На пример, тројцата главни актери загинаа многу млади.
Најпрво, Џејмс Дин загина во сообраќајка на 24-годишна возраст, и тоа само неколку недели пред премиерата на филмот.
Потоа, на 37-годишна возраст, актерот Сал Минео беше убиен пред неговиот дом. Актерката Натали Вуд, пак, мистериозно се удави на 43-годишна возраст.
И актерот Ник Адамс кој имаше споредна улога почина млад – се предозира на 36-годишна возраст.
The Crow
The Crow требаше да биде филмот кој ќе ја лансира актерската кариера на Брендон Ли – синот на Брус Ли. Но, на снимањето Брендон беше застрелан и ѝ подлегна на повредата.
Неговата трагична смрт не е единствениот морничав инцидент поврзан со филмот.
Имено, првите проблеми се појавиле уште пред да почне снимањето, кога некој од филмската екипа добил анонимен повик од личност која му кажала да не го прават филмот бидејќи ќе се случеле лоши работи.
На првиот ден од снимањето, маж од филмската екипа настрадал од сериозни изгореници на сетот. Потоа, Америка била погодена од голема бура која предизвикала низа компликации и одложувања, а голем дел од филмската екипа се разболел.
Тоа што филмот сепак бил завршен, било вистинско чудо.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





