Миро Кацаров ќе стане татко, сопругата Ивана бремена со нивното прво дете: „3 години пробувавме да станеме родители“
- Детали
- четврток, 22 мај 2025
„Пред да остане Ивана бремена имавме еден спонтан абортус. Но, го сакав ова од дното на душата и знаев дека ако некогаш се случи, ќе биде божја работа. Имав голема верба во Бог“ - рече Миро Кацаров за CRNOBELO.com.
Телевизискиот водител Миро Кацаров и неговата сопруга Ивана, која е поранешна одбојкарка, наскоро ќе станат родители.
Парот го чека своето прво бебе, а Ивана е веќе во четвртиот месец од бременоста.
И Миро и Ивана се пресреќни што ќе добијат бебе, а малата Миа, која е ќерка на Ивана од првиот брак, ќе добие помало братче или сестриче.
Миро не ја криеше возбудата од убавата вест, па за CRNOBELO.com, ни раскажа:
„Случајно дознавме за бременоста на Ивана. Ние веќе три години пробувавме, но тоа никако не се случуваше. Претходно имавме и еден спонтан абортус.
Го сакав ова од дното на душата и знаев дека ако некогаш се случи, ќе биде божја работа. Затоа и не одев по доктори и ништо не правев, затоа што имав голема верба во Бог.
Кога најмалку очекував, Ивана дојде и ми се пожали дека ѝ се повраќа, дека ѝ е лошо и дека циклусот ѝ касни.
И така некако се полетавме, сакавме да полетаме од радост, ама си рековме да оставиме на времето, зашто во тоа време се случуваа неубави работи во Македонија и мислевме да не е од стрес.
Искрено, двајцата многу нè погоди тоа што се случи во Кочани и мислевме дека тоа што се случува со неа е резултат на стресот низ којшто помина.
По еден месец направивме тест и видовме дека таа е бремена и сме многу среќни и благодарни.
Полот не го знаеме, ќе правиме откривање на пол наскоро“.
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
А. Ј. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





