Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Елвин Шакиров (24) од Штип, иден онколог: „Majка ми на онкологија не смееше да биде само бројка, таа беше лавица“

„Во медиумите го читам името на онкологот кој ја „лекуваше“ мајка ми од рак. И под него - студено, рамнодушно - ‘несоодветно лекувана’. Таа не беше бројка, не беше само дијагноза, беше лавица која се бореше за своите деца“, вели Елвин Шакиров (24) oд Штип кој учи да стане онколог за и други деца да не останат без своите мајки.

elvin-shakirov-24-od-shtip-iden-onkolog-majka-mi-na-onkologija-ne-smeeshe-da-bide-samo-brojka-taa-beshe-lavica-01.jpg

Елвин Шакиров (24) oд Штип е студент на општа медицина (5-та година) при Универзитетот „Гоце Делчев“. Тој како насока вели дека ја избрал онкологијата.

Онкологија е медицинска гранка која се занимава со проучување, дијагноза, третман и превенција на рак.

Неговата мајка Гордана Шакирова, која му била најголема поддршка и инспирација во животот, починала од карцином на дојка на 50-годишна возраст во 2018-та година.

elvin-shakirov-24-od-shtip-iden-onkolog-majka-mi-na-onkologija-ne-smeeshe-da-bide-samo-brojka-taa-beshe-lavica-05.jpg

На прашањето на CRNOBELO.com „Зошто сака да биде онколог?, Елвин вели:

„Затоа што во срцето носам желба поголема од амбиција - мисија што ме води со секој чекор.

Онкологијата за мене не е само наука или звање, туку повик да бидам светлина во најтемните мигови на нечиј живот.

Се одлучив да се борам против ракот затоа што не можев, и не сакав, да ги прифатам тивките збогувања. Затоа што срцето ми се кине секогаш кога ќе видам дете што останало без мајка без нејзиниот мирис, без нејзината прегратка, без нејзиниот поглед што вели „ќе биде сè во ред".

Сакам мајките да останат. Да ги чекаат своите деца пред училиште. Да им подготвуваат појадок со љубов. Да им раскажуваат приказни пред спиење.

Сакам нивната љубов да продолжи да ги обликува тие мали души. Сакам да подарам надеж.

Не како збор, туку како време уште едно утро, уште еден роденден, уште еден живот што продолжува.

Оваа мисла ми беше светилник уште кога ја избрав медицината, и ќе остане мој внатрешен пламен сè до последното срцево отчукување“.

Инаку, по немилите настани на тема онкологија Елвин се огласи на својот Фејсбук профил, каде јавно проговори за ситуацијата со неговата мајка.

elvin-shakirov-24-od-shtip-iden-onkolog-majka-mi-na-onkologija-ne-smeeshe-da-bide-samo-brojka-taa-beshe-lavica-03.jpg

Неговата трогателна објава гласи:

„Ја отворам објавата за онкологија. И нешто ме гризе уште пред да почнам да читам.

Го чувствувам. Тој познат стег во градите. Тоа шепотење во мене:

„Сега ќе те боли…“

И го читам името на онкологот кој ја „лекуваше“ мајка ми.

И под него – студено, рамнодушно, како нешто да вреди помалку од човечки живот - „несоодветно лекувана“.

Таа не беше бројка, таа не беше само дијагноза, таа беше лавица која се бореше до последната воздишка за своите деца.

Поради вас…

Јас цел живот се чувствувам половично.

Ми ја украдовте мајка ми. Ми го распарчивте детството.

И тоа никој не може да го врати.

Знам дека и покрај сето ова вие ќе си продолжите да си функционирате нормално и знам дека ништо нема да ви биде во овој свет, ама со сигурност знам дека ќе ви биде во еден друг свет каде што навистина постои правда и таа правда ќе ве стигне...

Бидејќи вие оставивте многу деца без мајки“.

elvin-shakirov-24-od-shtip-iden-onkolog-majka-mi-na-onkologija-ne-smeeshe-da-bide-samo-brojka-taa-beshe-lavica-06.jpg

С. С. | Црнобело /фото:depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

Имала 12 бракови, го врати внукот со аутизам кај мајка му и живее сама на село – Животната приказна ... „Имаше страшни моменти додека ги растев ќерките. Се случуваше да јадеме бисквити...
Едина Муса го откри името на бебето, Кристина Димитри меша ајвар: Што прават македонските ѕвезди на ... Иван Јованов ужива со сопругата и ќерката Ниа, нашата млада актерка Марија Јанче...
Македонка со силна порака: „Зимава трипати бевме болни со децата - кога телото ми откажуваше, сфатив... „Како мајка на мали деца, очекувано ти е да има вакви епизоди. Но, признавам, не...
Јелена Спенџарска објави видео за токсични врски - жена ѝ вели: „Имам пеколен брак, ама каде да одам... „Мојот телефон е повеќе негов отколку што е мој. Да види дали сум додала некој д...
Зои Блаж: „Пред 6 години доктор ми кажа - со твојата болест не можеш да бидеш мајка, но Бог ми даде ... „Пред повеќе од 6 години ми беше срушен најголемиот сон - а тоа е да станам мајк...
Мајка од Скопје: „Снимив видео како син ми гали маче, ме нападнаа дека го малтретира - зошто толку о... „Мика на видеово е бебе од 14 месеци, со недоволно развиена моторика на рацете и...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg