Убиство од култ, самоубиства, морничави повици – 6 (хорор) филмови за кои се верува дека се „проколнати“
Трилогијата Poltergeist
Изгледа клетвите (или морничавите случајности) ги фаворизираат хорор филмовите.
Трилогијата Poltergeist ја одбележале низа трагедии.
Најпрво, една од актерките била убиена од нејзиниот поранешен партнер. Потоа, друг актер изврши самоубиство по долга битка со рак на желудникот.
Друг актер почина за време на операција, додека главната актерка почина на само 12-годишна возраст поради проблеми со здравјето.
The Omen
Уште еден хорор-филм на листата, овој пат The Omen каде што главниот негативец е син на самиот ѓавол.
Еден месец пред да почне снимањето на филмот, синот на главниот актер Грегори Пек извршил самоубиство.
Потоа, кога Грегори одел кон Лондон за да снима, неговиот авион бил удрен од гром. Истото му се случило и на едниот од продуцентите, една недела подоцна.
Притоа, се срушил и авион во кој имало голем дел од филмската екипа.
Имало и низа други инциденти – хотелот во којшто отседнувал режисерот бил бомбардиран, додека во зоолошката во којашто се снимале некои сцени, лавови убиле чувар.
Сепак, најбизарниот инцидент е сообраќајна несреќа на директорот за специјални ефекти Џон Ричардсон и неговата асистентка Лиз Мур.
Во филмот има сцена каде што на еден лик му се отсекува главата, а за специјалните ефекти биле задолжени токму Џон и Лиз.
Во сообраќајката, Џон за чудо преживеал, но на Лиз ѝ бил отсечена главата.
Rosemary’s Baby
Веројатно веќе претпоставувате дека и ова е хорор-филм. Филмот е во режија на Роман Полански, а некои веруваат дека бил проколнат со убиството на неговата сопруга Шерон Тејт
Веројатно веќе знаете за ова убиство – членови на култот на Чарлс Менсон упаднале во нејзиниот дом и ја убиле.
Дотогаш Rosemary’s Baby веќе беше издаден, а набрзо потоа почина и композиторот на музиката во филмот.
Една деценија подоцна, Џон Ленон беше застрелан пред зградата каде што се снимаше филмот, па некои се сигурни дека и ова е дел од клетвата.
Покрај смртните случаи, голем дел од филмската екипа се соочила со други трагедии.
Едниот од продуцентите, како и авторот на книгата имале сериозни проблеми со менталното здравје бидејќи работеле на толку контроверзен филм.
Друг продуцент бил обвинет за шверцување кокаин, а подоцна и обвинет за убиство.
Режисерот, пак, покрај смртта на сопругата, имаше проблеми со зависност, а беше обвинет и за низа злодела, како силување.
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





