10 (напнати) крими филмови од 2020-тите што можеби сте ги пропуштиле
Last Night in Soho кој ќе ве врати во 1960-тите, или Bullet Train, кој е одличен спој на акција и комедија (со многу насилство).
Крими филмовите им се допаѓаат на повеќето бидејќи можат да се спојат со секој жанр – од хорор и фантазија, до комедија.
Ако ви се допаѓа овој жанр, но веќе ви се изгледани најпопуларните, тогаш вреди да им дадете шанса и на некои кои не биле блокбастери.
10 забавни крими филмови од изминативе пет години:
Last Night in Soho
Со Ања Тејлор Џој во главната улога, Last Night in Soho е крими мистерија, со примеси на фантазија.
Главниот лик е млада девојка која студира моден дизајн и е фасцинирана од модата во 1960-тите. Животот ѝ тргнува во сосема друга насока кога една ноќ сонува како се враќа баш во тој период од историјата.
No Sudden Move
Во режија на Стивен Содерберг, No Sudden Move се фокусира на група криминалци во Детроит во 1950-тите.
Тие се најмени да украдат документ, но кражбата поминува многу лошо, по што пробуваат да откријат дали можеби некој пробува да ги намести.
Anatomy of a Fall
Иако беше номиниран за Оскар за најдобар филм, Anatomy of a Fall не стана многу популарен, но вреди да се изгледа.
Главниот лик е жена која е обвинета за убиство на нејзиниот сопруг. Нејзиниот син, кој е слеп, единствениот сведок.
The Outfit
Забавна и напната крими драма која ќе ве држи во неизвесност до самиот крај.
Главниот лик е кројач од Англија кој има своја работилница во Чикаго. Но, областа каде што се наоѓа, заедно со неговата работилница, се под контрола на ирски мафијаш.
Limbo
Limbo е нискобуџетна крими мистерија што пријатно ќе ве изненади.
Главниот лик е детектив кој оди во оддалечена област во Австралија со цел да го истражи убиството на домородна девојка која бил убиена пред 20 години.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





