Филмски викенд: Комплицирани љубовни приказни

За овој викенд ви спремивме три драми од романтична природа, со примеси на комедија. Филмовите иако жанровски се слични, приказните им се тотално различни. Сместени се во различни времиња, разалични карактери и имаат различни проблеми.

filmski-vikend-komplicirani-ljubovni-prikazni-01

Сите раскажуваат за посебни љубовни приказни, и сите се подеднакво фантастични. Било кој филм е одличен за ова дождливо и тмурно време.

Уживајте во овој филмски викенд!


10 Years (2011)

filmski-vikend-komplicirani-ljubovni-prikazni-1

Филмот раскажува за десетгодишнината од матурската забава. Доаѓајки од целиот свет, овие поранешни средношколски другари се собираат за првпат после цели 10 години.

Ги имаме сите клишеа, популарниот дечко што се оженил и има 2-3 деца, некој станал позната музичка звезда, некој се отселил на друг континент, се откриваат информации од минатото, се враќаат старите чувства, а некои сè уште се однесуваат како тинејџери.

Ова е супер филмче за оние околу 28 години, бидејки можат да се поврзат со главните глумци.

Ќе ве натераат да мислите на вашите средношколки денови, успесите и неуспесите што се случиле во меѓувреме. Всушнот секој може да ужива во овој филм.

Филмот изобилува со познати глумци, а Ченинг Тетум и неговата жена, од вистинскиот живот, глумат дечко и девојка и се претерано слатки заедно.

Режија: Jamie Linden
Глума: Channing Tatum, Rosario Dawson, Chris Pratt, Jenna Dewan-Tatum, Justin Long, Chris Pratt, Kate Mara


Love and Honor (2013)

filmski-vikend-komplicirani-ljubovni-prikazni-2

Сè почнува кога еден војник во Виетнам добива писмо од неговата девојка, во кое таа му раскинува.

Тој се решава своето дозволено отсуство да го искористи за да оди до Америка и да ја среди својата врска. Неговиот другар решава да оди со него, како би се осигурал дека овој првиот не направи некоја глупост.

Првиот пробува да ја освои својата девојка, а овој другиот се вљубува во нејзината другарка. Да признавам, приказната не е оргинална и често ја гледаме. Но, интересно е како војничката приказна е испреплетена низ овие романси.

Се зборува за војничниот живот, за должноста и љубовта спрема земјата, за неправедноста на војната и смртта на многуте млади војници.

Филмот го носат неколку познати глумци, а костимографијата, сценографијата и музиката се одлично направени и не носат во тоа време.

Филм за сите генерации и за луѓе со секакви филмски вкусови.

Режија: Danny Mooney
Глума: Liam Hemsworth, Teresa Palmer, Aimee Teegarden


Love and Other Drugs (2010)

filmski-vikend-komplicirani-ljubovni-prikazni-3

Иако започнува како нормална романтична комедија, набрзо го менува текот и станува интересна драма со реални проблеми и длабоки чувства.

Дечкото во приказната е женкар и забушант, а девојката е болна од Паркинсова болест. Двајцата се оштетени, но тоа што треба да е релаксирана врска станува нешто вистинско.

Но, сепак, нејзината болест со времето ќе станува само поизразена, како да си ја сочува самостојноста и да не биде товар, а истовремено да дозволи да биде сакана.

Филмот е постар, но сметам дека сите треба да го погледнете. Ова е од оние приказни кога ќе заврши филмот имате за што да зборувате.

Покрај романсата успева да покрие различни области, како сериозни болести, улогата на фармацевтски компании или квалитетот на здравството.

Главните глумци Џејк Гиленхал и Ен Хатавеј имаат неверојатна хемија на платно, и едноставно е уживање да се гледа нивното глумење и начинот на кој ги доловуваат карактерите на ликовите.

И покрај тешките теми јас го препорачувам за гледање.

Режија: Edward Zwick
Глума: Jake Gyllenhaal, Anne Hathaway, Judy Greer

И.Т. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 филмови што ќе ве внесат во есенско расположение Ако сакате крими приказна, изгледајте го Clue, a доколку сакате филм со доза маг...
Кој морничав филм да го изгледате викендов, според хороскопскиот знак? На Лавовите сигурно ќе им се допадне Interview with the Vampire, додека Близнаци...
10 филмови со силни и инспиративни жени во главните улоги Бремена тинејџерка која носи тешка одлука за најдоброто на нероденото дете, сред...
10 од најдобрите комедии на 21-ви век што сигурно ќе ве расположат Tropic Thunder e забавна критика на холивудските филмови и нивните клишеа, додек...
10 филмови кои ќе ви бидат како мини-одмор овој мај In Bruges ќе ве однесе во магичниот белгиски град Бриж, додека Tracks ќе ви ја п...
10 збунувачки филмови што ќе треба да ги изгледате двапати за да ги разберете Јавноста до денес дебатира за значењето и смислата на Mullholand Drive, додека P...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg