5 предлог филмови со Џенифер Анистон

Многумина ја паметат како Рејчел од Пријатели, но и како бивша жена на сексапилниот Бред Пит. Ретко кој ја следи нејзината актерска кариера, која по разводот со Бред Пит оди во нагорна линија.

5-predlog-filmovi-so-dzenifer-aniston-01

Џенифер Анистон без сомневање се разви како актерка и стана впечатлива појава на филмското платно, па затоа нема да погрешите ако ги погледнете нејзините топ 5 филмски достигнувања.

1. Marley and me

Во оваа приказна Џенифер Анистон и Овен Вилсон се прекрасен пар, кој решава да посвои бел сладок лабрадор, кој воедно е куче од пеколот. Тој е крзнена напаст која е во состојба да изеде, искине и распарчи сè што ќе му застане на патот, на многу забавен и смешен начин.



2. Wanderlust

Парот од Менхетен - Џенифер и Пол Рад, останува без работа. Се обидуваат да се снајдат, но не им оди баш најдобро. Се обидуваат да живеат во рурална заедница во која владее слободната љубов. Симпатична комедија, идеална за опуштање.



3.The Break-Up

Комедија, драма, романса – овој филм е сè што една жена може да посака. На самиот почеток тие се само две личности кои не можат да бидат поразлични, но сепак се во љубов и живеат заедно. Меѓутоа, секогаш постојат проблеми кои не се пребродуваат лесно, па затоа борбата на Винс Вон и Џенифер е една од малкуте кои ја покажуваат другата страна на љубовта.



4. Just go with it

И покрај тоа што доби неколку номинации за Златна малина, филмот е феноменален. Адам Сендлер и Џенифер се колеги, односно Адам е нејзиниот шеф. Одеднаш, тој запознава девојка која вистински му се допаѓа, па и раскажува емотивна приказна за неговата бивша жена и деца. Тука на сцена настапува Џенифер Анистон и нејзините деца кои глумат семејство заедно со Адам, а мрежата на лаги сè повеќе се зацврстува...



5. We're the Millers

Оваа хиперактивна комедија ја следи приказната на еден дилер на дрога, стриптизета, бубалица и опасна девојка кои се обидуваат да ја преминат границата на Мексико во комбе полно со дрога. Малку црн хумор, стриптиз на Џенифер Анистон и брзо развивање на дејзтвата е она во што ќе уживате ако решите да го погледнете овој филм.

Би можело да ве интересира:

Кој морничав филм да го изгледате викендов, според хороскопскиот знак? На Лавовите сигурно ќе им се допадне Interview with the Vampire, додека Близнаци...
10 од најдобрите комедии на 21-ви век што сигурно ќе ве расположат Tropic Thunder e забавна критика на холивудските филмови и нивните клишеа, додек...
10 филмови кои ќе ви бидат како мини-одмор овој мај In Bruges ќе ве однесе во магичниот белгиски град Бриж, додека Tracks ќе ви ја п...
10 ужасни филмови кои вреди да ги изгледате (и веќе се сметаат за култни) The Room се смета за најлошиот филм на сите времиња кој мора да се изгледа, доде...
10 филмови со силни и инспиративни жени во главните улоги Бремена тинејџерка која носи тешка одлука за најдоброто на нероденото дете, сред...
10 романтични комедии што ќе ве опуштат и расположат овој викенд The Proposal, Bridget Jones’s Diary и Why Him? се забавни романтични комедии кои...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg