Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Топ 10 филмови со Леонардо ди Каприо

Леонардо е еден од омилените актери и холивудски заводници, особено популарен меѓу девојките во модниот свет. Познат е по многу свои улоги, каде покажал одлична актерска игра и знаел да се носи на ниво со доделената улога.

top-10-filmovi-na-leonardo-di-caprio-01

Онаа по која е планетарно познат и омилен е улогата на Џек во Титаник. Во продолжение погледнете ја листата на топ 10 најдобри филмови во кој глуми токму тој. И дефинитивно, нема утка во филм со Ди Каприо!

1. Inception

Научно - фантастична акција во која актерите патуваат во бескрајниот свет на соновите, а Дом Коб кој го глуми Ди Каприо има улога на вешт крадец кој краде вредни тајни од соновите на луѓето кога тие се во несвесна состојба.



2. Titanic

Најромантичната драма за патувањето на најголемиот брод, каде се развива една неверојатно силна љубов помеѓу девојка од аристократско семејство, Роуз и младиот уличен сликар Џек кој го игра Леонардо ди Каприо. Љубов која оди против сите до самиот крај, тажен и трагичен.



3. The Departed

Акциона драма која се одвива во Северен Бостон, каде државната полиција води војна со организираниот криминал. Младиот полицаец Боб Костиган го игра токму Леонардо ди Каприо, заедно со неговиот шеф Костело во чија улога е Џек Николсон.



4. Blood Diamond

Американски трилер за политичка војна која е прикажана преку потрагата на црвени дијаманти кои се наоѓаат во африканските воени зони и се продаваат во финансиски конфликти за време на војна.



5. Shutter Island

Драма сместена во Америка 1954 година, кога Маршал Теди Даниелс  го истражува исчезнувањето на убијците кој избегале од болница за психички растројства.



6. Catch Me If You Can

Одлична драма која треба да ја погледнете за да ја видите маестралната улога на Леонардо ди Каприо во улога на Франк Абигнејл Џуниор кој покажува вистинска умешност во трансформацијата низ повеќе улоги.



7. Django Unchained

Филм кој доживеа голема слава, сместен во далечната 1858 година во Тексас, кој ни го покажува Стариот Запад преку интересни случувања. Леонардо ди Каприо се појавува во улога на злобен сопственик на плантажи.



8. Gangs of New York

Акција која се одвива во1863 година кога Амстердам Валон се враќа во Њујорк во потрага по одмазда на Бил, убиецот на неговиот татко.



9. The Aviator

Интересен биографски филм за младиот авијатичар Хауард Хјуџес кој подоцна станува најбогат човек.



10. The Great Gatsby

Филм според истоимената новела која го прикажува времето и животот на милионерот Џеј Гетсби и неговиот сосед Ник. Драма која треба да ја погледнете и да ја откриете нејзината суштина.

Би можело да ве интересира:

10-те најгледани филмови на Нетфликс за 2024-та досега Новиот научнофантастичен филм на Џеј Ло, како и морничавиот шпански филм снимен ...
Илуминати, фотографии од разголени жени – „Скриени“ пораки во постарите анимирани филмови на Дизни Во кадар од постара верзија цртаниот филм The Rescuers, јасно се гледа фотографи...
10 филмови кои не добија Оскар, но дефинитивно го заслужија Иако No Country for Old Men е одличен филм и си го заслужи Оскарот, истото може ...
Контроверзни моменти од популарни романтични филмови (и серии), кои денес се критикувани „Pretty Woman не е романтична бајка, туку филм за проститутка која станува дама ...
Холивудски актери кои изгубиле милиони бидејќи одбиле улоги Можете ли да го замислите Вил Смит како Нео од The Matrix? А, Мет Дејмон во глав...
Актери со огромна (и вознемирувачка) возрасна разлика кои глумеле романтични парови Гвинет Палтроу имаше само 26 години кога глумеше во Perfect Murder со тогаш 54-г...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg