Викенд предлог: Детективски филмови кои ќе ве направат попаметни

Ако сте тип на човек кој сака да размислува за тајните на човековата природа, гледање на детективските филмови и решавањето на мистериите се одличен начин како да го поминете слободното време и да уживате во филмови.

top-detektivski-filmovi-koi-kje-vi-go-proshirat-umot-01.jpg

Ги одбравме најдобрите детективски филмови, секој од нив гарантирано ќе ве забавува со часови, додека го употребувате вашиот интелект:

1. Angel Heart (1987)

Детективски филм со мистична тематика која успева да ве заинтригира уште од првите моменти и да ве држи под тензија до самиот крај. Комбинација од различни тонови, мелодија на саксофон, а главниот лик е соочен со серија загатки кои треба да ги реши за да го затвори случајот.


2. Memento (2000)

Леонард Шелби е во потрага по убиецот на неговата сопруга. Работите стануваат комплицирани кога тој ја губи краткотрајната меморија по удар во главата. Се сеќава само на работите кои се случиле пред убиството, а сè друго останува во неговата глава само 15 минути. Употребува различни трикови со кои самиот, а и нас нè потсетува на она што се случило, сè додека не заврши неговата истрага.


3. Zodiac (2007)

Двајца детективи се во потрага на серискиот убиец кој го плашел Сан Франциско цели 25 години. Серискиот убиец е познат под името „Зодијак“, а не само што сака да убива луѓе, туку и да си поигрува со инспекторите - не сите успеваат да го издржат тој притисок.


4. True Detective (2014 - )

Детективска серија која веќе има три сезони - секоја епизода со своја приказна и ликови. Започнува со истрага на двајца детективи за необично убиство во Луизијана. Дел по дел, ја составуваат сликата, која полека но сигурно, ги води до заклучокот за тоа што навистина се случило.

Уште 4 предлози на следната страна...



Би можело да ве интересира:

11 актери кои, по многу години, повторно се облекоа како познатите ликови што ги глумеа Се сеќавате ли како изгледаше Кортни Кокс во хоророт Scream? Или Вил Смит во сер...
10 од најдобрите филмови од 2020-та до денес што можеби сте ги пропуштиле Ако сте расположени за акциона комедија, вреди да му дадете шанса на Bullet Trai...
10 (сериозни) тинејџерски филмови во кои ќе уживаат и возрасните Eight Grade ќе ви покаже со што навистина се соочуваат тинејџерите во модерно вр...
10 филмови и серии кои ќе ви разбудат носталгија Дали сонувавте да имате моќ како Пру, Пејџ и Фиби од Charmed? А, дали се сеќават...
8 филмови на шпански јазик кои не смеете да ги пропуштите Факт е дека сме навикнати на холивудски филмови, но овие фасцинантни филмски ост...
10 романтични комедии што ќе ве опуштат и расположат овој викенд The Proposal, Bridget Jones’s Diary и Why Him? се забавни романтични комедии кои...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg