10 филмови и серии кои ќе ви разбудат носталгија
Дали сонувавте да имате моќ како Пру, Пејџ и Фиби од Charmed? А, дали се сеќавате на кошаркарскиот натпревар помеѓу Мајкл Џордан и хероите од Looney Tunes против вонземјаните од Space Jam?
Ако сакате доза носталгија, зошто да не се присетите на сериите и филмовите што ги гледавме пред скоро две децении?
Генерално, ова се филмови и серии кои се емитуваа на нашите телевизии, па сигурно ќе ве вратат во минатото и ќе ве потсетат на безгрижните детски денови.
10 филмови и серии кои ќе ви разбудат носталгија:
Charmed
Зарем имаше девојче кое не сонуваше да мрда предмети со умот како Пру, да го замрзнува времето како Пејџ или да ја гледа иднината како Фиби?
Забавната серија се фокусира на животот на три сестри кои дознаваат дека се волшебнички и мораат да го спасат светот oд злото што демне.
Casper
Приказната за пријателски настроениот дух Каспер може да ви го разубави и најлошиот ден.
Главните ликови се татко и ќерка кои се вселуваат во куќа која е опседната со духови. Додека еден им мисли добро, останатите три постојано бараат начин да им наштетат.
That ’70s Show
Култната серија која го прикажува тинејџерскиот живот во 70-тите е популарна и денес.
Дружбата и разговорите на пријателите во подрумот на Ерик Форман, заедно со саркастичните коментари на татко му Ред и забавните моменти со мајка му Кити ја прават серијата совршена за маратонско гледање.
Space Jam
Space Jam е забавен спој на игран и анимиран филм.
Главните ликови се хероите од Looney Tunes и кошаркарот Мајкл Џордан кои мораат да победат група вонземјани во кошаркарски натпревар.
Desperate Housewives
Проблемите, но и комичните ситуации на очајните домаќини нудат забавно бегство од реалноста.
Покрај драмата, серијата изобилува со бројни комични моменти, но и доволно морничави мистерии за да ве држи „залепени“ за екранот.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





