8 филмови на шпански јазик кои не смеете да ги пропуштите

Факт е дека сме навикнати на холивудски филмови, но овие фасцинантни филмски остварувања на шпански јазик ќе ве воодушеват, шокираат и ќе ве остават без зборови. Па, вреди да им дадете шанса.

8-filmovi-na-spanski-jazik-koi-ne-smeete-da-gi-propustite-01.jpg

Се работи за познати шпански филмови со силна порака, кои се неизоставен дел од филмската индустрија, а секој обожавател на европската кинематографија мора да ги гледа.

Опуштете се, земете пуканки и уживајте во овие филмски остварувања:

1. Todo sobre mi madre

Познат филм на познатиот шпански режисер, Педро Алмодовар. Грчката поговорка вели дека само жена чии очи се измиени од солзи може јасно да види. Но, ова не важи за Мануела (Сесилија Рот).

Онаа вечер кога умира нејзиниот син, Естебан (Елој Асорин), Мануела плаче додека нејзините солзи не се исушат.

Се работи за слоевит филм полн со животни лекции и разновидност, испреплетен со невообичаени животни приказни кои ќе ве променат од корен.

2. Hable con ella

Уште едно ремек-дело на Педро Алмодовар кое не смеете да го пропуштите. Овој филм го истражува пријателството на двајца мажи поврзани во еден необичен сплет на околности.

Двајцата мажи се сретнуваат во една приватна клиника. Девојката на едниот, тореадорка Лидија, е во кома по напад на бикот.

Другиот маж, Бенињо, е негувател во болницата. Тој се грижи за друга жена во кома во која тајно се заљубил пред многу години.

Ова е приказната за љубов, осаменост, пријателство и лојалност.

3. Relatos salvajes

Овој фантастичен аргентински филм е црна комедија составена од шест приказни, напишана и режирана од Дамијан Сифрон.

Нееднаквоста, неправдата и барањата на светот во кој живееме предизвикуваат стрес и депресија кај многу луѓе. Некои од нив пукаат. Ова е филм за тие луѓе.

Филмот е иновативен, поинаков, интересен од почеток до крај, го задржува вниманието и шокира. Нешто слично на овој филм досега сигурно не сте гледале.

4. Contratiempo

Голем шпански трилер! Адријан Дорија е млад претприемач кој се буди во хотелска соба веднаш до безживотното тело на неговата љубовница.

Кога е обвинет за убиство, тој одлучува да ја најми Вирихија Гудмен, најдобрата адвокатка во земјата.

Овој феноменален трилер ќе ве остави без здив.

5. El secreto de sus ojos

Аргентинскиот криминален трилер „El secreto de sus ojos“ доби позитивни коментари и од критичарите и од публиката. Ова е еден од најгледаните аргентински филмови.

Меѓу бројните награди што ги има освоено, зеде и Оскар за најдобар филм надвор од англиското говорно подрачје во 2009 година.

6. Amores Perros

Се работи за мексикански филм кој во 2001 година беше номиниран и за Оскар.

Љубов. Предавство. Смрт. Страшна фатална сообраќајна несреќа спојува тројца различни луѓе во Мексико Сити. Секој од нив се носи со загуба, грижа на совест, жалење и сурова реалност, сè во името на љубовта!

7. El cuerpo

Психолошки трилер со елементи на хорор. Тело на мртва жена исчезнува од мртовечницата под мистериозни околности. Убиената жена била „заштитно лице“ на фармацевтската компанија.

8. La piel que habito

Доктор Роберт Ледгард по трагичната смрт на неговата сопруга наоѓа лице на кое ќе ја испитува новата техника на пластична хирургија и трансплантација на кожа.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Филмови од раните 2000-ти што ќе ви разбудат носталгија По Индијана Џонс, хит беше Лара Крофт, а за оние кои не сакаат видеоигри, овде е...
Кој морничав филм да го изгледате викендов, според хороскопскиот знак? На Лавовите сигурно ќе им се допадне Interview with the Vampire, додека Близнаци...
10 филмови кои ќе ви бидат како мини-одмор овој мај In Bruges ќе ве однесе во магичниот белгиски град Бриж, додека Tracks ќе ви ја п...
10 ужасни филмови кои вреди да ги изгледате (и веќе се сметаат за култни) The Room се смета за најлошиот филм на сите времиња кој мора да се изгледа, доде...
Најдобрите хорор филмови на режисерот Џон Карпентер Познатиот американски режисер на хорор филмови, Џон Карпентер, ја започна својат...
10 филмови со силни и инспиративни жени во главните улоги Бремена тинејџерка која носи тешка одлука за најдоброто на нероденото дете, сред...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg