Викенд предлог: Топ 10 филмови кои ќе ве одведат на патот до среќата

6. „The Hundred-Foot Journey“

Страсни индиски зачини наспроти француски рафинирани сосови? Зошто да не... Индиски имигранти отвораат ресторан во француската Прованса близу ресторан со Мишелин ѕвезда. Прекрасен филм кој ќе ви ги отвори срцето и апетитите.

7. „Život je čudo“

Емир Костурица останува доследен на себе во овој филм, а успева една едноставна приказна да ја претвори во водич за пронаоѓање на среќата. Комична драма која ја раскажува приказната за Лука кој има сон да изгради железнички тунел на Балканот.

8. „The Boat That Rocked“

Вистинска приказна за еден диџеј на пиратска радио станица која се емитува од брод за време на неконтролираните, безгрижни и несовесни `60-ти. Преку овој филм директно влегувате во годините кога владее рокенролот.

9. „Short Cuts“

Лос Анџелес во 1990-та година. Животот е во својот ек, но иронично, доаѓа чумата на скакулци. Овој ироничен, а понекогаш и надреален филм ќе ви даде можност директно да погледнете во животот на 20 карактери, меѓу кои е и ликот на шармантната Енди Мекдауел.

10. „Eddie the Eagle“

Овој инспиративен филм ни раскажува приказна за суперхерои кои успеваат да се издигнат над секојдневниот живот и рутината. Заплетот се базира на вистински настани кои ни ја раскажуваат приказната за тоа како еден несмасен човек Еди, станува „Орелот“.

Н. Г. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

10 од најдобрите филмови од 2020-та до денес што можеби сте ги пропуштиле Ако сте расположени за акциона комедија, вреди да му дадете шанса на Bullet Trai...
Со кој романтичен филм да се опуштите викендов, според хороскопскиот знак? Рибите ја ценат романтиката, но исто така сакаат и да мечтаат. Музичките секвенц...
7 филмови посветени на познати сликари кои треба да ги изгледате Изведбата на Вилем Дефо како Винсент ван Гог е маестрална во At Eternity's Gate,...
10 ретро филмови што ќе ве потсетат на поубави времиња Casper, Fluberr и The Flitstones се само дел од филмовите што ги гледавме пред, ...
Филмови и серии кои ги надминаа книгите според кои се снимени Книгата Good Omens е презабавна, но комичната серија ѝ дава посебен шарм на прик...
Номинации за Оскари 2024: „Oppenheimer“ доминира, Марго Роби не е номинирана Денес (23.01) официјално беа објавени номинациите за Оскари 2024. Меѓу фаворитит...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg