Цеца во „скромен“ аутфит од над 35.000 евра, Анастасија си дојде од Шпанија – Како се славеше раѓањето на третиот син на Вељко?

„Цел ден сум во истата облека, цел ден трчам и работам“ – им се пожали Цеца Ражнатовиќ на новинарите пред да влезе во вилата на Дедиње, каде синоќа го прослави раѓањето на третиот внук Исаија од синот Вељко.

ceca-vo-skromen-autfit-od-nad-35-000-evra-anastasija-si-dojde-od-shpanija-kako-se-slaveshe-ragjanjeto-na-tretiot-sin-na-veljko-01.jpg

Снаата на Цеца Ражнатовиќ, Богдана, се породи вчера (14.05) и на свет го донесе третиот син Исаија, а по тој повод во домот на фолк дивата беше организирана огромна веселба.

На социјалните мрежи се споделуваат видеа од прославата на кои може да се види дека пејачката била пресреќна, па покрај тоа што им пееле голем број други пејачи, таа го зела микрофонот и сама ги забавувала насобраните гости.

Пред започнувањето на прославата, голем број новинари и камермани се собраа пред нејзината вила во Дедиње, а пејачката кога пристигна, само накратко се пожали:

„Што ќе ме сликате. Гледате ги носам истите фармерки, истите папучи, истата маица како утрово. Цел ден трчам и работам!“

Пејачката вчера во текот на целиот ден беше фотографирана како на себе носи фармерки од Bottega Veneta кои се продаваат по цена од 842 евра, папучи со платформа од Balenciaga кои чинат 523 евра, но и чанта од луксузниот бренд Hermès која се продава по цена од 33.000 евра.

Инаку, по повод раѓањето на Исаија, од Шпанија дојде и ќерката на Цеца, Анастасија, која по подолго време се враќа во Белград.

ceca-vo-skromen-autfit-od-nad-35-000-evra-anastasija-si-dojde-od-shpanija-kako-se-slaveshe-ragjanjeto-na-tretiot-sin-na-veljko-02.jpg 

Таа на својот Инстаграм профил сподели повеќе кратки видеа од забавата во семејниот дом, но и од спектакуларниот огномет што беше приреден за гостите.

ceca-vo-skromen-autfit-od-nad-35-000-evra-anastasija-si-dojde-od-shpanija-kako-se-slaveshe-ragjanjeto-na-tretiot-sin-na-veljko-04.jpg.jpg

Инаку, јасно е дека Цеца не штедела на парите потрошени за забавата по повод раѓањето на третиот внук, а според некои од српските медиуми, само за огнометот одвоила 10.000 евра.

Погледнете уште неколку видеа и фотографии од прославата:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Цеца Ражнатовиќ за домашниот притвор од 8 месеци: „Носев електронска алка, се изживуваа со мене“ Казната на Цеца ѝ беше една година домашен притвор, но дел од претходно издржана...
Цеца носела пиштол со себе - Детали за убиството на Аркан пред 26 години „Некои жени ми бранеа да излезам од бутикот, а Ѕвонко врескаше: ‘Командантот е у...
Цеца за животот како млада девојка: „Кај маж ми бев принцеза, кај мајка ми морав да готвам и да чист... „На мајка ми ѝ велев, Боже кога ќе се омажам, има слуги да ме служат, само да не...
Прва изјава на Цеца: „Си отидов ден пред да се породи Анастасија, тие нека слават, јас едвај чекам д... „Јас сум богата жена. Одлично се и Анастасија и внукот. Морав да се вратам од Шп...
Koлку милиони има заработено Душко Тошиќ + Какви луксузни имоти поседуваат со Карлеуша? Душко Тошиќ во периодот од 2015 до 2020 година заработил неверојатни 18 милиони ...

Најчитани неделава