Проблематичен лик, сцени во шума: Клише елементи што ги има во секој хорор филм
-->
Мислењата за хорор филмовите се поделени. Некои ги обожаваат, некои не можат да ги поднесат.
Ако сте изгледале повеќе хорор филмови досега, сигурно ќе се согласите дека постојат многу сличности меѓу нив, особено холивудските хорори.
-->
Дури понекогаш уште на почетокот знаеме каков лик ќе се појави или на кој начин ќе се развие дејството.
Секогаш има еден лик со чудни психолошки проблеми или стравови, повеќето сцени се во шума и навечер, духовите обично се појавуваат во подрумот и слично.
Еве кои клише елементи се заеднички за речиси сите хорор филмови:
Се запознаваме со лик со проблеми во бракот, стравови и фобии од нешто, депресивен или меланхоличен
-->
-->
Повеќето сцени се одвиваат навечер, во шума, на планина или на некое изолирано место
-->
На ликовите им се слушаат чудни звуци од подрумот, а кога ќе отидат таму, гледаат духови и привиденија
Постои и лик кој е „гласот на разумот“, скептичен за сите чудни работи кои се случуваат
-->
Мора да има мистериозен елемент – стара слика од семејството кое живеело во куќата каде се одвива дејството во минатото, предмети покриени со прашина кои откриваат детали за куќата и слично
Силуетите и привиденијата често се појавуваат и кога ликовите гледаат низ прозорецот
Има и лик кој се разбира од магии, духови, демони и претскажувања
Кога ќе почне да се одвива „страшното“ дејство, сијалиците се палат и се гаснат
На крајот, секогаш доаѓа полиција, но предоцна, откако поминала опасноста
М. В. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Кој морничав филм да го изгледате викендов, според хороскопскиот знак?
На Лавовите сигурно ќе им се допадне Interview with the Vampire, додека Близнаци...
10 ужасни филмови кои вреди да ги изгледате (и веќе се сметаат за култни)
The Room се смета за најлошиот филм на сите времиња кој мора да се изгледа, доде...
10 филмови кои ќе ви бидат како мини-одмор овој мај
In Bruges ќе ве однесе во магичниот белгиски град Бриж, додека Tracks ќе ви ја п...
10 филмови со непредвидливи пресврти што добро ќе ве замислат
На прв поглед, The Cabin in the Woods изгледа како секој класичен тинејџерски хо...
10 филмови од 2023 година кои не треба да ги пропуштите
Ако не ги изгледавте Barbie и Oppenheimer, време е да го направите тоа. Но, доко...
10 филмови со силни и инспиративни жени во главните улоги
Бремена тинејџерка која носи тешка одлука за најдоброто на нероденото дете, сред...