Најдобрите крими-мистерии според романите на Агата Кристи кои треба да ги изгледате

Британската писателка Агата Кристи има напишано над 70 детективски романи, а во центарот на најголем дел од нив се нејзините две омилени креации – белгискиот детектив Херкул Поаро и ситната, но силно интуитивна госпоѓица Џејн Марпл кои ги решаваат злосторствата.

Najdobrite-romani-spored-knigite-na-Agata-Kristi-01.jpg

Не е никакво чудо покрај волку обемен книжевен опус голем дел од нив да бидат екранизирани на големото филмско платно, па доколку сте љубители на крими-мистерии, задолжително треба да пронајдете време за следните неколку филмови:

Crooked House (2017)

Поранешен шпион кој работи како приватен детектив е најмен од својата некогашна љубовница да го открие виновникот кој стои зад убиството на нејзиниот дедо, додека расте списокот на осомничени во куќата.

Death on the Nile (1978)

Додека омилениот белгиски детектив на Агата ужива на луксузно крстарење по реката Нил, млада, богата и штотуку мажена наследничка е убиена на бродот. Ќе успее ли Поаро да го реши злосторството пред да заврши патувањето?

Murder on the Orient Express (2017)

Работен според еден од најпознатите романи на Кристи, повторно во центарот на збиднувањата е детективот Поаро кој овојпат е патник во „Симплон Ориент Експрес“ возот каде што за време на патувањето се случува ужасно злосторство. Осомничени се буквално сите патници, а повеќе од очигледно е дека злосторникот е сè уште во возот.

The Mirror Crack'd (1980)

Госпоѓицата Марпл доаѓа на помош да реши мистериозно убиство каде што една локална жена е отруена, а доаѓа до заклучок дека отровот сепак бил наменет за некој сосема друг.

Agatha Christie's Poirot (1989–2013)

Доколку сте расположени за серија, ова е вистинско уживање за сите вистински љубители на делата на Агата Кристи. Со цели 13 сезони и, според многумина, ненадминливиот Дејвид Соше во улогата на Херкул Поаро, секоја епизода е ново, возбудливо доживување.

Thirteen at Dinner (1985)

Американска филмска ѕвезда која е најпозната по улогите на наивни русокоси кои ги толкува е осомничена за убиството на нејзиниот сопруг, додека детективот Поаро почнува да копа по доказите со кои е опкружен мистериозниот случај.

And Then There Were None (1945)

Малку постар, но одлично адаптиран филм во кој 7 гости, штотуку вработена секретарка и 2 луѓе од персоналот се собрани на изолиран остров од страна на отсутниот домаќин, кога некој започнува да ги убива еден по еден. Тие мора да соработуваат заедно со цел побрзо да го откријат убиецот.

Murder She Said (1961)

Кога госпоѓицата Марпл пријавува во полиција дека е сведок на убиство кое го видела низ прозорецот на воз во движење, тие не ја сфаќаат сериозно нејзината приказна бидејќи не постои ниту една трага за злосторството кое таа го опишува.

https://www.youtube.com/watch?v=Uv34UJPcJoo

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 нови филмови кои не треба да ги пропуштите оваа есен Ако сакате историска драма, задолжително изгледајте го Napoleon. Ако, пак, сте р...
10 филмови кои ќе ги воодушеват љубителите на подводниот свет И во лето, но и во другите годишни времиња, не значи дека не уживаме во убавинат...
10 филмови што ќе ве внесат во есенско расположение Ако сакате крими приказна, изгледајте го Clue, a доколку сакате филм со доза маг...
10 од најдобрите комедии на 21-ви век што сигурно ќе ве расположат Tropic Thunder e забавна критика на холивудските филмови и нивните клишеа, додек...
6 одлични серии на Нетфликс за сечиј вкус Ако сте љубител на еротски трилери и барате нешто ново за гледање на Нетфликс, т...
5 серии на Нетфликс кои треба да ги изгледате ако сте љубители на „Вовед во анатомија“ Серијата „Вовед во анатомија“ можеби има посебно место во нашите срца, но постој...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg