Филмови идеални за ублажување на ПМС симптомите

The Count of Monte Cristo

Одлична адаптација на истоимениот роман од Александар Дима. Едмонд Дантес е млад, вреден и чесен човек кој наскоро ќе биде предаден од страна на својот „најдобар“ пријател кој повеќе од очигледно му е љубоморен.

Години подоцна, тој се враќа назад со сменет изглед и ново име, со само една цел – одмазда кон оние кои го предале.

Marie Antoinette

Сосема поинаква, „свежа“ верзија која го рефлектира животот на младата француска кралица Марија Антоанета, нејзиното расипништво, разгалениот карактер и неуморниот дух, режиран од страна на Софија Копола.

Pitch Perfect 3

Во последниот дел од приказната за хорот „Белас“, талентираните девојки повторно се здружуваат за една последна турнеја низ Европа која има цел да ги бодри војниците на американската армија, а главната награда е настап пред диџеј Калед за време на неговата турнеја.

Calendar Girls

Средовечни жени кои се дел од добротворна организација добиваат идеја да позираат голи за календар кои ќе им помогне да соберат повеќе финансиски средства. Одеднаш, тие стануваат медиумска сензација и се во центарот на сечиј интерес.

The DUFF

Бјанка мрази да биде во центарот на вниманието и не сака да се вклопи во калапот на совршена тинејџерка. Но, откако случајно ќе дознае дека е DUFF-от во групата (Designated Ugly Fat Friend или Назначениот грд дебел пријател), во неа започнува да расте бес и желбата за одмазда.

(О)Милена | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Филмови од раните 2000-ти што ќе ви разбудат носталгија По Индијана Џонс, хит беше Лара Крофт, а за оние кои не сакаат видеоигри, овде е...
Најдобрите хорор филмови на режисерот Џон Карпентер Познатиот американски режисер на хорор филмови, Џон Карпентер, ја започна својат...
10 филмови што ќе ве внесат во есенско расположение Ако сакате крими приказна, изгледајте го Clue, a доколку сакате филм со доза маг...
10 филмови што никогаш нема да ви станат здодевни (колку пати и да ги гледате) Од The Devil Wears Prada до Forrest Gump, има филмови што ретко кој ги изгледал ...
10 филмови кои ќе ги воодушеват љубителите на подводниот свет И во лето, но и во другите годишни времиња, не значи дека не уживаме во убавинат...
10 нови филмови што ги освоија симпатиите на публиката Wonka, The Beekeper, Madame Web – дел од поновите филмови што ѝ се допаднаа на п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg