Вистината е најмоќна - филмови инспирирани од реални настани

Може да уживате во различни филмски жанрови, но скоро никој не останува рамнодушен на филмовите инспирирани од вистински животни приказни. Зошто?

Filmovi-inspirirani-od-realni-nastani-01.jpg

Затоа што вистината е моќна, силна, инспиративна. Не попусто рекле, животот пишува романи, а кога истите се успешни филмувани приказни, тогаш задоволството е двојно.

Доколку сте расположени за неколку одлични филмови инспирирани од реални случки, погледнете ги:

Battle of the Sexes (2017)

Били Џин Кинг е најдобрата женска тенисерка во светот во ’70-тите години на минатиот век. Во 1973 година, поранешниот машки шампион Боби Ригс познат по својот шовинизам, дрскиот јазик и склоноста кон обложување ја предизвикува на историски тениски меч.

Jackie (2016)

Натали Портман ја портретира најпознатата прва дама на САД, Џеки Кенеди. Дејствието се случува непосредно по атентатот на претседателот Џон Ф. Кенеди, додека Џеки се обидува да си ја врати вербата, да ги утеши своите деца и да го зачува она што го создал нејзиниот сопруг.

The Founder (2016)

Вистинската приказна за Реј Крок, бизнисмен кој го трансформирал ресторанот за брза храна на двајца браќа создавајќи име и бренд познати ширум целиот свет. Со помош на упорност, бескрупулозност и амбиција, денес тој бренд сите го знаеме како McDonald’s.

The Post (2017)

Неколку американски претседатели успеале да ја скријат вистината за војната во Виетнам, лажејќи ја јавноста со години. Кога доказите ќе се најдат во рацете на амбициозниот уредник на весникот Вашингтон Пост, останува прашањето дали истите ќе ѝ бидат обелоденети на јавноста.

Sully (2016)

Вистинската приказна за американскиот пилот Cheslley Sullenberger „Sully“ кој станал херој откако успеал да го слета оштетениот авион во реката Хадсон и да ги спаси патниците и екипажот на кобниот лет.

Уште 5 филмови на следната страна...



Би можело да ве интересира:

11 актери кои, по многу години, повторно се облекоа како познатите ликови што ги глумеа Се сеќавате ли како изгледаше Кортни Кокс во хоророт Scream? Или Вил Смит во сер...
10 филмови кои ќе ги воодушеват љубителите на подводниот свет И во лето, но и во другите годишни времиња, не значи дека не уживаме во убавинат...
Леонардо ди Каприо почнал да глуми на 5 години - Кои се првите улоги на холивудските ѕвезди? Леонардо ди Каприо имал само 5 години кога првпат се појавил на телевизија, Ната...
10 нови филмови кои не треба да ги пропуштите оваа есен Ако сакате историска драма, задолжително изгледајте го Napoleon. Ако, пак, сте р...
5 серии на Нетфликс кои треба да ги изгледате ако сте љубители на „Вовед во анатомија“ Серијата „Вовед во анатомија“ можеби има посебно место во нашите срца, но постој...
10 филмови кои ќе ви бидат како мини-одмор овој мај In Bruges ќе ве однесе во магичниот белгиски град Бриж, додека Tracks ќе ви ја п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg