Мини-серии кои се гледаат во еден здив и ќе ве остават без спиење

Доколку навистина им се посветите, сосема возможно е да ги изгледате сите епизоди од одбраната мини-серија на едно седнување. Постои и добра причина поради тоа – бројот на епизодите вообичаено не надминува 10, приказните се феноменални, глумата маестрална.

Mini-serii-koi-se-gledaat-vo-eden-zdiv-i-ke-ve-ostavat-bez-spienje-01.jpg

Па доколку ви досадија вообичаените серии кои се издолжуваат со премногу сезони и епизоди, време е да ги погледнете овие 10 одлични мини-серии кои ќе ве остават без сон:

The Young Pope

Студено, морничаво, интригантно. Почетоците на Папата Пијус XIII во Ватикан, првиот американски папа во историјата.

The Sinner

Одлична мини-серија која истражува зошто обичните луѓе се во состојба да извршат брутални злосторства. Во првата сезона, млада жена неочекувано ќе избоде до смрт непознато момче додека е на плажа.

Втората сезона штотуку започна, а приказната се врти околу малолетно момче кое е осомничено за двојно убиство на млад брачен пар.

https://www.youtube.com/watch?v=K8j61MUB8y4

The Night Of

Назир оди на забава и завршува со прекрасна млада девојка во кревет. Кога се буди утредента ја наоѓа избодена до смрт, не сеќавајќи се што се случило во текот на ноќта.

Feud: Bette and Joan

Работена според вистински настан, мини-серијата ја следи кавгата помеѓу двете вечни ривалки, американските актерски ѕвезди Бети Дејвис и Џоан Крафорд.

Alias Grace

19 век, Канада. Слугинка е обвинета за двојно убиство на нејзиниот работодавач и домаќинката. Психијатар се двоуми дали слугинката треба да биде ослободена поради лудило.

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

10 (по)нови мини-серии што ќе ги изгледате во еден здив Мистериозни убиства, политичка скандали и опасна жена која била на чело на најмо...
10 филмови кои ќе ги воодушеват љубителите на подводниот свет И во лето, но и во другите годишни времиња, не значи дека не уживаме во убавинат...
10 нови филмови кои не треба да ги пропуштите оваа есен Ако сакате историска драма, задолжително изгледајте го Napoleon. Ако, пак, сте р...
10 серии на Нетфликс кои се совршени за оваа есен Ако ви се гледа добар трилер, изгледајте ја The Night Agent, а ако сте расположе...
5 серии на Нетфликс кои треба да ги изгледате ако сте љубители на „Вовед во анатомија“ Серијата „Вовед во анатомија“ можеби има посебно место во нашите срца, но постој...
6 одлични серии на Нетфликс за сечиј вкус Ако сте љубител на еротски трилери и барате нешто ново за гледање на Нетфликс, т...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg