Најпознатите филмски измами и интриги во кои сите поверуваа

Во последните две децении често се форсираат измами, урбани легенди, лажни вести кои се совршен доказ за тоа колку лесно општата јавност може да биде измамена, заведена и изманипулирана.

Najpoznatite filmski izmami i intrigi vo koi site poveruvaa 01

Ова се манифестира и во забавната индустрија, особено во Холивуд. Уште од создавањето на филмови постоеле гласини, митови и теории на заговор поврзани со некои од култните класици.

Иако овие измами денес се откриени на интернет, во времето на нивното создавање повеќето луѓе верувале во нивната вистинитост.

Ова се некои од најпознатите филмски измами во кои луѓето поверуваа:

Џејмс Бонд - „Goldfinger“

Започнуваме со еден од најпознатите филмски митови на сите времиња, кој беше популарно прифатен како вистинит неколку децении.

Во филмот за Џејмс Бонд од 1964 година, „Goldfinger“, постои секвенца во која 007 (Шон Конери) го открива трупот на девојката Џил Мастерсон (Ширли Итон) покриена со златна боја. Во филмот, ликот на девојката умира од „задушување на кожата“. Ова доведе до гласини, кратко време по објавувањето на филмот, дека Итон всушност навистина починала.

Легендата се одржа до доцните 1990-ти, кога е потврдено дека оваа приказна не е вистинита.

„The Crow“

Филмот „Врана“ секогаш ќе биде запомнет поради трагичната судбина на актерот Брендон Ли, кој бил убиен од пиштол кој требало да биде реквизит.

Ова трагедија брзо ги поттикна гласините дека снимката на убиството на Ли е искористена во самиот филм. Но конфликтните извештаи укажуваат дека снимката била уништена без да биде развиена или конфискувана од страна на полицијата.

„The Blair Witch Project“ 

„The Blair Witch Project“ беше еден од првите филмови кој користеше вирални маркетинг техники за да го продаде филмот, вклучувајќи ја и веродостојната онлајн кампања во која се тврдеше дека трите „ѕвезди“ на филмот навистина исчезнале во шумите во Буркитсвил додека снимале документарен филм.

Овој филм е измислена легенда, креација на режисерите Даниел Мирик и Едуардо Санчез кои користеа веб-страница BlairWitch.com за рекламана филмот. Оваа техника, во комбинација со нивните фалсификувани постери за исчезнати лица, предизвика многумина да веруваат дека филмот е реален.

Najpoznatite filmski izmami i intrigi vo koi site poveruvaa 02

„The Shining“ 

Можеби ниту еден филм во историјата на филмовите не бил предмет на толку многу теории на заговори колку класикот на Стенли Кјубрик од 1980 година.

Најразвиената теорија тврди дека филмот е исповед на Кјубрик за режирањето на лажното слетување на Месечината со Аполо 11.

Во филмот постојат неколку сцени кои ја подржуваат оваа теорија. Дени Торнз (Дени Лојд) носи маица со слика на Аполо 11, моделот на тепихот во хотелот личи на рампа за лансирање на ракети, овошниот пијалак Танг е видлив во хотелот (пијалак што вообичаено го пијат астронаутите), соба 237 е симбол на растојанието од Земјата до Месечината и др.

Дали се работи за теорија без фактичка основа? Апсолутно. Но многу едуцирани луѓе сè уште се скептични за автентичноста на слетувањето на Месечината.

„Ben-Hur“

Епскиот класик од 1959 година е запаметен по својата сложена трка со коњи во која не се користеле современи оптички ефекти, а сцената се снимала цели пет недели. Постои теорија дека еден од каскадерите бил убиен за време на снимањето на оваа трка.

За ширењето на оваа гласина е заслужен каскадерот Ношер Пауел, кој го тврди ова во својата автобиографија. Не постојат значителни докази за ова тврдење, а и самиот Чарлтон Хестон во својата автобиографија тврди дека се работи за лага. Пауел сакал да го привлече вниманието кон неговата книга, па е сосема можно дека се работи за лажна вест.

Najpoznatite filmski izmami i intrigi vo koi site poveruvaa 03

„Cannibal Holocaust“

Класикот од 1980 година измами многу луѓе со своето непоколебливо реалистично насилство.

Филмот е контроверзен поради бројните секвенци на вистинско насилство врз животните (шест животни биле убиени во филмот), но во времето кога филмот излезе многу медиуми тврдеа дека смртните случаи на луѓето во филмот се исто така реални.

Режисерот на филмот, Деодато бил дури уапсен и обвинет за убиство. Но кога на судот детално ги детализираше импресивните ефекти на филмот обиненијата биле повлечени.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Кој морничав филм да го изгледате викендов, според хороскопскиот знак? На Лавовите сигурно ќе им се допадне Interview with the Vampire, додека Близнаци...
Филмови од раните 2000-ти што ќе ви разбудат носталгија По Индијана Џонс, хит беше Лара Крофт, а за оние кои не сакаат видеоигри, овде е...
10 ужасни филмови кои вреди да ги изгледате (и веќе се сметаат за култни) The Room се смета за најлошиот филм на сите времиња кој мора да се изгледа, доде...
10 филмови кои ќе ви бидат како мини-одмор овој мај In Bruges ќе ве однесе во магичниот белгиски град Бриж, додека Tracks ќе ви ја п...
Адам Сендлер е на врвот – Кои се најплатените актери за 2023-та? Веројатно на листата очекувате имиња како Марго Роби и Леонардо ди Каприо, но ви...
10 од најдобрите филмови од 2020-та до денес што можеби сте ги пропуштиле Ако сте расположени за акциона комедија, вреди да му дадете шанса на Bullet Trai...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg