Продолжен филмски викенд: 10 филмови кои едноставно зрачат среќа

Little Miss Sunshine (2006)

Семејството Хувер кое е прилично дисфункционално на свој симпатичен начин тргнува на својата авантура – патување со дотраено Волсваген комбе со цел да ја однесе малата Олив на детски избор за убавина.

August Rush (2007)

Оваа музичка бајка која ќе ви го украде срцето го следи животот на малиот Еван, момче со неверојатно изострен слух и талент за музика кој е израснат како сираче. Еван не знае дека неговите родители трагаат по него.

Austenland (2013)

Џејн Хејс е опседната со делата на Џејн Остин и постојано фантазира да го пронајде совршениот г. Дарси. Таа го собира и последното денарче со цел да отиде во тематскиот парк наречен „Остинленд“ и да ја пронајде својата сродна душа како во романите на омилената писателка.

Morning Glory (2010)

Беки Фулер е новиот продуцент на утринската програма која има неверојатно низок рејтинг. Проблемот е во тоа што двете главни ѕвезди на ТВ куќата, односно водителите воопшто не се поднесуваат, додека програмата трпи поради нивното незрело и непрофесионално однесување.

Julie & Julia (2009)

Џули Пауел не може да ја поднесе работата која ја фрустрира и депримира. Со цел да пронајде нова насока во животот, таа решава да ги зготви сите рецепти од огромниот готвач на Џулија Чајлд, додека пишува блог за сопственото искуство.

(О)Милена | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Филмови од раните 2000-ти што ќе ви разбудат носталгија По Индијана Џонс, хит беше Лара Крофт, а за оние кои не сакаат видеоигри, овде е...
10 филмови кои ќе ги воодушеват љубителите на подводниот свет И во лето, но и во другите годишни времиња, не значи дека не уживаме во убавинат...
Најдобрите хорор филмови на режисерот Џон Карпентер Познатиот американски режисер на хорор филмови, Џон Карпентер, ја започна својат...
10 филмови од 2024-та кои веројатно сте ги пропуштиле, но вреди да ги изгледате Origin и The Promised Land се мал дел од новите филмови кои можеби не се многу п...
10 филмови што никогаш нема да ви станат здодевни (колку пати и да ги гледате) Од The Devil Wears Prada до Forrest Gump, има филмови што ретко кој ги изгледал ...
10 нови филмови што ги освоија симпатиите на публиката Wonka, The Beekeper, Madame Web – дел од поновите филмови што ѝ се допаднаа на п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg