Може ли да погодите што ќе се случи? 10 филмови со неочекуван крај

Зарем има нешто подобро од филмови со крај што не го очекувате? На филмската индустрија ѝ станува сè потешко да ја збуни и изненади публиката, иако најмногу очекуваниот Avengers: Endgame за оваа година ги исполни сите наши очекувања со крај каков што никој не можеше да претпостави.

10-filmovi-so-neocekuvan-kraj-01.jpg

Доколку сакате да играте мала игра на погодување, но воедно да уживате во развојот на настаните, ви ги препорачуваме следните 10 филмови со неочекуван крај:

Avengers: Endgame (2019)

Освен ако некој не ви го раскаже или (не)намерно не ви открие некој спојлер пред да го изгледате, навистина е тешко да го погодите дејствието и крајот на последниот дел од франшизата Avengers на Марвел.

Половина од популацијата е исчезната. Дел од преживеаните супер херои се обидуваат да продолжат понатаму со своите животи. Но, дали постои начин (повторно) да го спасат светот?

The Boy in the Striped Pyjamas (2008)

За време на Втората светска војна, 8-годишниот Бруно се сели со своето семејство во близина на концентрационен логор со затвореници. Неговиот татко е штотуку унапреден командант кој не планира ништо да му застане на патот во извршувањето на задачите – убивањето на Евреите.

https://www.youtube.com/watch?v=9ypMp0s5Hiw

Tully (2018)

Марло е во својата трета бременост и одвај се справува со секојдневните обврски. Нејзиниот сопруг Рон нема никаква идеја како да ѝ помогне и што се случува со нејзиниот живот. Кога Марло ќе ја вработи Тали, ноќната помошничка за бебето, конечно може да здивне.

This Is Where I Leave You (2014)

Четворица, веќе возрасни браќа и сестри, се принудени да се вратат во семејниот дом откако нивниот татко ќе почине. Тие мораат да поминат една седмица во домот со мајката која очигледно нема влакна на јазикот, со своите сегашни, но и партнерите кои ги имале во минатото.

The Ghost Writer (2010)

Млад и надежен писател во сенка чие име не го објавува во јавност е најмен да го напише мемоарот на поранешниот премиер на Англија, Адам Лонг. Додека трае творечкиот процес, тој започнува да открива мрачни тајни поврзани со претходниот најмен писател за истата задача.

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Филмови од раните 2000-ти што ќе ви разбудат носталгија По Индијана Џонс, хит беше Лара Крофт, а за оние кои не сакаат видеоигри, овде е...
Најдобрите хорор филмови на режисерот Џон Карпентер Познатиот американски режисер на хорор филмови, Џон Карпентер, ја започна својат...
10 филмови што никогаш нема да ви станат здодевни (колку пати и да ги гледате) Од The Devil Wears Prada до Forrest Gump, има филмови што ретко кој ги изгледал ...
10 нови филмови кои не треба да ги пропуштите оваа есен Ако сакате историска драма, задолжително изгледајте го Napoleon. Ако, пак, сте р...
10 филмови од 2023 година кои не треба да ги пропуштите Ако не ги изгледавте Barbie и Oppenheimer, време е да го направите тоа. Но, доко...
10 нови филмови што ги освоија симпатиите на публиката Wonka, The Beekeper, Madame Web – дел од поновите филмови што ѝ се допаднаа на п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg