10 најдобри филмови од Кански филмски фестивал 2019

Once Upon a Time In Hollywood

Најновиот филм на Квентин Тарантино е црна комедија во неговиот препознатлив стил. Бред Пит, Леонардо Ди Каприо и Марго Роби се појавуваат во главните улоги. Приказната се врти околу актерска ѕвезда чија кариера е одамна падната во заборав и неговиот дублер. Тие пристигнуваат во Лос Анџелес со цел да постигнат успех и повторно да бидат славни за време на последните години од холивудската „Златна ера“ во 1969 година.

Portrait of a Lady on Fire

На изолиран остров во регионот на Бретања кон крајот на 18 век, женски сликар е задолжена да наслика портрет на млада жена непосредно пред нејзината венчавка. Сепак, идната невеста не знае дека некој е платен да ја наслика, ниту за проектот кој покрај уметничко набљудување вклучува и детални извештаи.

10-najdobri-filmovi-od-Kanski-03.jpg

Frankie

Оваа драма следи 3 различни генерации на жени кои доживуваат неверојатни искуства менувајќи го текот на нивните животи за време на еднодневниот излет во Синтра, Португалија. Синтра е историски град познат по своите неверојатни градини и вили и палати како од некоја бајка.

https://www.youtube.com/watch?v=mqRQypwv9Mo

The Swallows of Kabul (Les hirondelles de Kaboul)

Работен според книгата на Јасмина Кадра, овој анимиран филм го прикажува руинираниот Кабул во летото од 1998 година, окупиран од страна на Талибанците.

И покрај секојдневното насилство и градот во рушевини како и мизеријата, Мохсен и Зунаира сакаат да веруваат дека постои љубов и иднина. Но, ненадејниот потег од страна на Мохсен ќе ги наруши нивните животи засекогаш.

Little Joe

Алис е самохрана мајка која е вработена во компанија која создава нови видови на флора. Таа креира прекрасен цвет кој не само што има прекрасен изглед, туку и терапевтска моќ. Доколку цветот се одржува на оптимална температура, се храни и редовно му се зборува, тој има моќ да го направи сопственикот среќен.

Против правилата на компанијата, Алис го носи цветот дома и му го подарува на нејзиниот син Џо. Но, како што цветот расте, така се зголемуваат и сомнежите на Алис дека не е толку безопасен како што мислат.

10-najdobri-filmovi-od-Kanski-04.jpg

(О)Милена | Црнобело



Би можело да ве интересира:

10 филмови што ќе ве внесат во есенско расположение Ако сакате крими приказна, изгледајте го Clue, a доколку сакате филм со доза маг...
10 филмови од 2023 година кои не треба да ги пропуштите Ако не ги изгледавте Barbie и Oppenheimer, време е да го направите тоа. Но, доко...
Кој морничав филм да го изгледате викендов, според хороскопскиот знак? На Лавовите сигурно ќе им се допадне Interview with the Vampire, додека Близнаци...
10 филмови кои ќе ви бидат како мини-одмор овој мај In Bruges ќе ве однесе во магичниот белгиски град Бриж, додека Tracks ќе ви ја п...
10 ужасни филмови кои вреди да ги изгледате (и веќе се сметаат за култни) The Room се смета за најлошиот филм на сите времиња кој мора да се изгледа, доде...
10 збунувачки филмови што ќе треба да ги изгледате двапати за да ги разберете Јавноста до денес дебатира за значењето и смислата на Mullholand Drive, додека P...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg