10 филмови со изопачени сериски убијци

Доколку сакате напнати дејствија чија приказна е замрсена и сложена, тогаш вистинскиот избор за вас се филмовите во коишто главните ликови ги толкуваат сериски убијци.

10-filmovi-so-izopaceni-seriski-ubijci-01.jpg

Базирани на вистински приказни или работени според популарни романи, веруваме дека во листата ќе пронајдете нешто според вашиот вкус:

Child 44 (2015)

Тајниот полициски агент Лео Дамидов губи сè што има во животот бидејќи одбива да поверува дека неговата жена Раиса е предавник во Советска Русија. Протерани во изолирана провинциска област, Лео и Раиса се здружуваат со генералот Нестеров во обид да го пронајдат серискиот убиец на млади момчиња.

The Killer Inside Me (2010)

Мрачен и вознемирувачки трилер со дејствие кое се одвива во Тексас. Кога синот на локалниот могул е откриен мртов покрај телото на претепана проститутка, сомнежот паѓа на заменик шерифот.

The Silence of the Lambs (1991)

Вистинско филмско ремек-дело без кое не може да помине ниту една листа со филмови за сериски убијци. Кларис Стерлинг е најдобриот студент на ФБИ и има задача да го интервјуира затворениот сериски убиец, опасниот доктор Ханибал Лектор, со цел да му влезе во трагата на друг сериски убиец.

I Saw the Devil (2010)

На осамен и мрачен пат, таксист пронаоѓа уплашена и заглавена жена во расипано возило. Кога нејзината глава е пронајдена во локалната река, емотивно уништениот свршеник кој е искусен таен агент има само една задача – да го пронајде и казни убиецот на неговата сакана.

Zodiac (2007)

Во доцните ’60-ти и ’70-тите години во Сан Франциско владее страв и хаос поради серискиот убиец кој се нарекува себеси Зодијак. Група детективи и новинари се здружуваат заедно со цел да го пронајдат убиецот кој постојано праќа шифрирани пораки и мистериозни повици.

https://www.youtube.com/watch?v=7wCqac6-ySY

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

10 нови филмови кои не треба да ги пропуштите оваа есен Ако сакате историска драма, задолжително изгледајте го Napoleon. Ако, пак, сте р...
10 филмови кои ќе ги воодушеват љубителите на подводниот свет И во лето, но и во другите годишни времиња, не значи дека не уживаме во убавинат...
Леонардо ди Каприо почнал да глуми на 5 години - Кои се првите улоги на холивудските ѕвезди? Леонардо ди Каприо имал само 5 години кога првпат се појавил на телевизија, Ната...
6 одлични серии на Нетфликс за сечиј вкус Ако сте љубител на еротски трилери и барате нешто ново за гледање на Нетфликс, т...
10 филмови кои ќе ви бидат како мини-одмор овој мај In Bruges ќе ве однесе во магичниот белгиски град Бриж, додека Tracks ќе ви ја п...
11 актери кои, по многу години, повторно се облекоа како познатите ликови што ги глумеа Се сеќавате ли како изгледаше Кортни Кокс во хоророт Scream? Или Вил Смит во сер...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg