Најдобрите филмови на Стенли Кјубрик

Филмските критичари не можат да се сложат околу тоа кој режисер е најдобар, особено бидејќи секој ден запознаваме нови, млади уметници кои тек треба да се докажат во филмската индустрија.

Najdobrite filmovi na Stenli Kjubrik 01

Сепак, влијанието што го оставил Стенли Кјубрик е непобитно, па можеме да го наречеме еден од најдобрите режисери во филмската историја.

И покрај фактот што последниот филм на починатиот режисер излезе одамна, денес ретко кој љубител на седмата уметност не слушнал за Стенли Кјубрик.

Можеби не сте знаеле дека овие филмови се негови, но никогаш не е доцна да се научи нешто ново.

Ова е наш избор на најдобрите филмови на Стенли Кјубрик:

Eyes Wide Shut (1999)

Иако актерскиот тим е одличен, а улогата на Никол Кидман е фантастична, се чини дека остатокот од филмот ја губи режисерска нишка, поради своето долго времетраење (речиси три часа).

Но ова не ги спречило луѓето да го третираат овој филм како одлично психолошко истражување на човечката психа и сексуалност.

Lolita (1962)

Многумина сè уште сметаат дека овој филм е најпроблематичното дело на Кјубрик, што не е изненадувачки со оглед на тоа што е снимен според една од најконтроверзните книги на сите времиња.

Оваа контроверзија не била пречка во неговата кариера, и покрај темата на педофилија. Кјубрик во овој филм за прв пат покажал дека има интересна смисла за хумор со вметнување на Питер Селерс во неколку улоги.

The Shining (1980)

Веројатно знаете многу сцени од овој филм, дури и доколку не ви е гледан. Секој момент од филмот е напнат и страшен, а многумина биле инспирирани токму од овој филм.

Full Metal Jacket (1987)

Ова дефинитивно не е единствениот воен филм за Виетнам, особено не во тој период, но дефинитивно вреди да се гледа. Кјубрик одбил да ја напушти Англија за време на снимањето, па е целиот филм само сценографија и импровизација.

Сепак, благодарение на импресивните улоги и некои незаборавни цитати, филмот успеал во своите намери, а тоа е да го прикаже ужасот на војната.

A Clockwork Orange (1971)

Уште еден контроверзен филм според контроверзна книга. Тежината на филмот, како и неговиот квалитет, е неопислива. Зад целото насилство стои една многу важна порака, доколку имате храброст да го изгледате филмот до крај.

https://www.youtube.com/watch?v=xHFPi_3kc1U

Dr Strangelove or: How I Learned to Stop Worrying and Love the Bomb (1964)

Уште една соработка со Питер Селерс. Овој филм е полн со хумор, но во исто време е и страшен кога ќе размислите колку сè делува смешно но вистинито.

Многу теми се провлекуваат низ филмот, а крајот е нешто што едноставно мора да го видите.

2001: A Space Odyssey (1968)

Несомнено, неговиот најдобар филм, кој никогаш не старее од денешна перспектива. Приказната за развојот на човечката свест е прикажана преку комплексна приказна и фантастичен визуелен приказ.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Кој морничав филм да го изгледате викендов, според хороскопскиот знак? На Лавовите сигурно ќе им се допадне Interview with the Vampire, додека Близнаци...
Филмови од раните 2000-ти што ќе ви разбудат носталгија По Индијана Џонс, хит беше Лара Крофт, а за оние кои не сакаат видеоигри, овде е...
10 ужасни филмови кои вреди да ги изгледате (и веќе се сметаат за култни) The Room се смета за најлошиот филм на сите времиња кој мора да се изгледа, доде...
10 филмови кои ќе ви бидат како мини-одмор овој мај In Bruges ќе ве однесе во магичниот белгиски град Бриж, додека Tracks ќе ви ја п...
Најдобрите хорор филмови на режисерот Џон Карпентер Познатиот американски режисер на хорор филмови, Џон Карпентер, ја започна својат...
10 од најдобрите филмови од 2020-та до денес што можеби сте ги пропуштиле Ако сте расположени за акциона комедија, вреди да му дадете шанса на Bullet Trai...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg