10 одлични мрачни комедии кои се издвојуваат во морето ТВ серии

Доколку сте од оние кои не можат да си го замислат денот без неколку изгледани епизоди од омилената ТВ серија, добредојдовте во клубот.

10-odlicni-mracni-komedii-01.jpg

Можеби имате и апликација која ве известува за секоја нова излезена епизода или го бележи напредокот во вашето гледање на истата. Во секој случај, кога се гледаат толку многу серии, навистина тешко е да се запамети до каде сте стигнати, односно која сезона и која епизода.

Ако сте расположени за 10 одлични ТВ серии од жанрот мрачна комедија, нашите предлози се следните:

Dead to Me

Џен неочекувано станува вдовица. Нејзиниот сопруг е брутално прегазен и оставен на улица. Џен е решена да го пронајде виновникот. Обидувајќи се да го продолжи животот жонглирајќи помеѓу работата и нејзините деца, таа ја запознава Џуди, весела и оптимистична личност која многу брзо станува нејзината најдобра пријателка.

Crazy Ex-Girlfriend

Ребека Банч е успешна млада жена која навидум има сè – прекрасен апартман на Менхетен и одлична кариера како правник. Но, откако случајно ќе налета на нејзината љубов од детството, таа без многу размислување решава да се откаже од сето ова и да се пресели во Лос Анџелес во потрага по вистинска среќа.

After Life

Тони е човек кој има совршен живот, сè додека неговата сопруга Лиса не почине. По трагичниот настан, Тони не е повеќе човекот што бил некогаш. По неуспешното самоубиство, тој решава да го живее животот до максимум, да го прави и да го зборува сето она што ќе му падне напамет и на некој начин да го казни светот со своето однесување.

The End of the F***ing World

Џејмс и Алиса се 17-годишни тинејџери. Двајцата се атипични тинејџери, интровертни со чудни идеи и размислувања. Џејмс е убеден дека е психопат кој од убивање животни конечно сака да прејде на убивање луѓе, а веќе ја има совршената жртва на повидок. Двајцата тргнуваат на патување со цел да го пронајдат таткото на Алиса кој ја напуштил додека таа била уште малечка.

Preacher

Џеси Кастер се враќа во својот дом од детството во Западен Тексас, со цел да ја исполни последната желба на неговиот починат татко – да го преземе раководството на црквата. Сепак, намерите на Џеси се менуваат кога неговото тело е запоседнато од мрачни, демонски сили кои го прават исклучително моќен и опасен човек.

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

10 нови филмови кои не треба да ги пропуштите оваа есен Ако сакате историска драма, задолжително изгледајте го Napoleon. Ако, пак, сте р...
10 филмови кои ќе ги воодушеват љубителите на подводниот свет И во лето, но и во другите годишни времиња, не значи дека не уживаме во убавинат...
5 серии на Нетфликс кои треба да ги изгледате ако сте љубители на „Вовед во анатомија“ Серијата „Вовед во анатомија“ можеби има посебно место во нашите срца, но постој...
10 филмови со силни и инспиративни жени во главните улоги Бремена тинејџерка која носи тешка одлука за најдоброто на нероденото дете, сред...
10 ужасни филмови кои вреди да ги изгледате (и веќе се сметаат за култни) The Room се смета за најлошиот филм на сите времиња кој мора да се изгледа, доде...
Филмови и серии на Нетфликс што не треба да ги пропуштите овој јануари Документарци, серии и забавни филмови – што треба да изгледате на Нетфликс овој ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg